Сонцето и бебешката кожа

Специјална заштита за вашето бебе

Бебешката кожа е пет пати потенка и почувствителна отколку таа на возрасните и поради тоа и е потребна специјална заштита од сонце.

Меланин е кафеавиот пигмент (боја/тен на кожата) кој сонцето го произведува на кожата. Овој пигмент  ја апсорбира1 светлината и ја заштитува кожата во текот на одреден временски период, во зависност од интензитетот на UV зраците.

¹ Кафеаво обоените пигменти ги абсорбираат UV зраците и ги претвораат во топлина за да не се предизвика оштетување на кожата.

Бебешката кожа произведува многу малку меланин и истата е подложна на изгореници од сонце многу побрзо отколку кај возрасните. Таа може да се споредува со кожата на возрасни кои имаат многу светол тен и чија кожа произведува исто така многу малку меланин.

Поради ова, чувствителната  бебешка кожа мора да е добро заштитена кога е изложена на сонце.