Skip to main content

Гестациски недели:

23-та гестациска недела: Зошто големината и тежината на Вашето бебе се само приближни вредности

Големина на Вашето бебе во 23-тата недела од бременоста

Вашето бебе е долго помеѓу 28 и 30 см од врвот на главата до петиците, отприлика колку големина на  зелка.

Можеби не е можно да се измери целата должина на фетусот поради неговата положба и активност. Во тој случај, наместо тоа може да се користи должината на бедрената коска, позната и како бутна коска која е најдолгата коска во човечкото тело. За да ја одреди големината на Вашето бебе, вашиот лекар ќе користи формула која вклучува множење на должината на бедрената коска со 7. Ова мерење, заедно со обемот на главата, бипариеталниот дијаметар и абдоминалниот обем, дава проценка за вкупната должина на Вашето бебе.

Вашето бебе сè уште не може да се мери со мерна лента или метро, така што овие вредности се приближни и може да бидат различни од просекот.  Може да се појават грешки во мерењето, особено ако Вашето бебе е многу активно, а секое бебе е уникатно, се разбира, благодарение на генетскиот материјал од нивните родители и семејството.

Просечната тежина е околу 450 грама во 23-тата  недела и исто така треба да се смета само како приближна вредност. Бебето ќе расте подолго и ќе добива на тежина во различни периоди - телото всушност не може да ги прави и двете работи  истовремено - и затоа може да изгледа како да има кратки „паузи“ во било кој аспект од развојот. Затоа  не грижете се ако Ви се чини дека тие не растат во должина или не добиваат на тежина во секое време.

Развој на Вашето бебе

Во 23-тата недела, бебето развива клучен орган за производство на хормони и регулирање на метаболизмот на шеќерот: панкреас. Сместен зад стомакот, најдобро е да се смета за жлезда - всушност таа е најголемата жлезда во човечкото тело со должина од 15-20 см. Содржи области што се познати како Лангерхансови островчиња, кои го произведуваат клучниот хормон инсулин кој му е потребен на Вашето бебе за да го разгради шеќерот и да го регулира нивото на шеќер во крвта.

Сè уште има многу простор во Вашата матка за Вашето бебе да се движи наоколу, а тоа целосно ќе го искористи тоа за да ги тренира своите мускули, тетиви и зглобови и да ги усоврши своите сетила. Ако „турбуленциите„ во Вашиот стомак се такви за да мислите дека очекувате близнаци, тоа е веројатно затоа што Вашето бебе брзо се движи од еден дел на матката во друг. Ова ќе се случува помалку во текот на следните неколку недели, бидејќи тоа има се помалку простор за овие „патувања“.

Внатре во матката, амнионската празнина сега содржи отприлика половина литар плодова вода во секое време. Оваа течност редовно се разменува преку плацентата, а количината на течност ќе се зголемува како што напредува Вашата бременост. Секој ден Вашето бебе пие околу 400 милилитри од тоа, што помага за развој на дигестивниот систем.

Отсега па натаму, секоја недела се подобруваат  шансите за преживување во случај на предвремено раѓање. Современата медицина и иновативната технологија им овозможуваат на предвремено родените бебиња да им се пружи се што им е  потребно и да се рекреира околината во матката.

Но и покрај се, предвременото породување е исклучително тежок процес за мајката и бебето. Прегледите кои ги имате кај Вашиот гинеколог ќе помогнат да се намали овој ризик.

Како се чувствува идната мајка во 23-тата недела од бременоста

Секој пат кога ќе стапнете на вагата ќе видите дека полека добивате на тежина. Вообичаено тоа се помеѓу 250 и 300 грама во 23-тата недела. Можеби и  нешто повеќе од тоа - и тоа е сосема во ред.

Можеби ќе забележите дека брзо се заморувате и немате енергија. Тоа е затоа што Вашето тело работи исклучително напорно за да одговори на предизвикот да даде поддршка на здравото бебе во развој. Од 23-тата недела, воглавно треба да избегнувате интензивни активности и долги прошетки или планинарења. Можеби сè уште се чувствувате дека сте во добра форма, и ако е така, нема причина да ги прекинете овие активности - иако е најдобро малку да забавите додека ги правите.

Вообичаени знаци и симптоми

Зголемена потреба за мокрење

Нема да можете да поминете долго време без да треба да одите во тоалет, бидејќи ќе треба почесто да мокрите. Тоа е предизвикано од притисокот  кој Вашата матка го прави на вашиот мочен меур, кој како резултат на ова станува помал. Сепак, ова не е причина да пиете помалку - погрижете се да го задржите внесот на течности, бидејќи на Вашето тело навистина му е потребно за време на бременоста.

Чувство на замор и слабост

Ако често се чувствувате уморни и слаби иако не сте биле многу активни, можеби Вашето тело нема доволно железо. Околу 20% од трудниците го доживуваат ова во 23-та недела.

Ако се чувствувате особено слабо, Вашата кожа станува бледа, и дури и добар одмор не Ви помага,  би требало да се консултирате со Вашиот лекар за додатоци во исхраната за зголемување на нивото на железо. На овој начин ќе бидете сигурни дека бебето го добива кислородот кој му е потребен.  

Прочитајте повеќе за железото и која храна содржи високи количини од него.

Вашиот крвен притисок, исто така, може да биде причина зошто се чувствувате слабо и уморно. Многу трудници страдаат од низок крвен притисок особено во средните недели од бременоста, бидејќи нивниот крвен систем се обидува да се справи со зголемениот проток на крв и да ја снабдува плацентата со крв и хранливи материи. Вашиот лекар редовно ќе го мери Вашиот крвен притисок и може да ви каже како да го зголемите ако е премногу низок.

Важни совети

  • Земете си појас за бремени ако можете, бидејќи тој ќе го поддржи Вашиот стомак.
  • Дознајте повеќе за пелените и техниките за менување пелени.
  • Боенки за возрасни се добар начин да се опуштите и да го релаксирате умот.
  • Прашајте го Вашиот лекар за опремата за доење и книгите кои можете да ги прочитате за доењето.
  • Кога ќе добиете желба за слатки, обидете се наместо тоа да јадете овошје и зеленчук.

Прашања кои сакате да му ги поставите на Вашиот лекар

Доењето е најдобро за Вашето бебе

Сега е добро време да го прашате Вашиот лекар за тоа како функционира доењето. Во суштина е прашање на понуда и побарувачка: Вашето дете ќе го постави моделот на доење, а Вашето тело се прилагодува на тоа. Во текот на првите неколку денови и недели по раѓањето, од клучно значење е Вие и Вашето бебе да се поврзете за да воспоставите добар ритам на доење.

Разберете како функционира доењето (и учењето од другите мајки) и тоа ќе Ви помогне да се справите со сите проблеми или кризи што може да се појават во почетокот.

Вашата патронажна сестра може да Ви каже која опрема за доење треба да ја купите и која опрема може да ја позајмите доколку е потребно.

Ниско ниво на железо или низок крвен притисок

Ако постојано се чувствувате уморни и слаби, и тоа влијае на Вашиот секојдневен живот, тогаш побарајте од Вашиот лекар да ги провери нивото на железо и крвниот притисок. На крајот на краиштата, ако Вие не се чувствувате добро, тогаш ниту Вашето бебе нема да се чувствува добро.

Информации за авторот:

Juliane Jacke-Gerlitz е регистрирана медицинска сестра. Повеќе од десет години таа ги советува мајките и доилките. Моментално работи како медицински писател и психолошки консултант. Juliane Jacke-Gerlitz е во брак 22 години, мајка е на осум деца и живее со нејзиното семејство во Halle.