Skip to main content

Гестациски недели:

30-та гестациска недела: Вашето бебе се адаптира на феталната позиција

Во 30-тата недела, вие сте на средина на осмиот месец од бременоста и сте во третиот и последен триместар. Вашето бебе сега е доволно големо и ќе  му биде тесно Вашата матка, па неговите движења ќе се променат.

Големина на Вашето бебе во 30-та недела

Вашето бебе сега е со должина од околу 40 cm, отприлика колку и голем целер - така што тоа е прилично големо. Тежи меѓу 1300 и 1400 грама, значи скоро 1,5 килограм или едно и пол пакување  брашно. Веќе се  приближува до должината и тежината кои ќе ги има кога ќе се роди.

Развој на Вашето бебе

Развој на белите дробови

Развојот на белите дробови е воглавно веќе  завршен.

Развој на дигестивниот тракт

Дигестивниот тракт на Вашето бебе е исто така во голема мера развиен – сега веќе се е на свое место  што ќе биде важно подоцна, за да го обработи сето  она што го консумира. Бебето сега може да пие, да голта, да ја вари и проголтува плодовата вода, а овие вештини ќе бидат клучни по раѓањето кога ќе зависи од Вашето мајчино млеко. Меѓутоа, бидејќи  цревата сè уште не се целосно развиени по раѓањето, дигестивниот систем како целина не може да се смета за целосно созреан. Ова значи дека бебето може да го мачи подуеност и болки во стомакот, посебно додека не стане на возраст од три до четири месеци. Овие мачнини воглавно се безопасни и нема потреба за загриженост. 

Развој на поткожно масно ткиво и капилари

Вашето бебе сега веќе е малку „буцкасто„ додека ја става својата „детска маст„, што ја прави покомпактна неговата телесна структура. Мали количини на поткожни масти се резервите кои се потребни по раѓањето за да се регулира телесната температура и ќе му служат се додека Вашето млеко (кое содржи повеќе масти) не созрее и биде спремно за комплетен „оброк„. 

Поткожното масно ткиво се наоѓа веднаш под кожата, но таму се формирале и мали крвни садови наречени капилари за да ја снабдуваат кожата со крв и хранливи. Како резултат на тоа, кожата на Вашето бебе сега ќе добие розева боја.

Усвојување на феталната положба

Количината на плодова вода се прилагодува на растот на Вашето бебе, постепено се намалува за бебето да има повеќе простор.

Во оваа фаза, веќе нема доволно простор во Вашата матка за да се истегне, и ја зазема таканаречената положба на фетус или фетална положба со повлекување на нозете кон телото. Бебето ќе продолжи да се враќа во оваа положба дури и по раѓањето, а дури отприлика после три недели по раѓањето повторно ќе се истегне во креветчето. Сепак, не е само недостатокот на простор она што го поттикнува да заземе таква позиција: во првите неколку дена надвор од матката, му помага во оддржување на телесната температура.  

Поради оваа причина, во многу земји вообичаена  пракса е да се повиваат новородените бебиња, така што ќе бидат добро замотани, бидејќи тоа им ја дава удобноста и сигурноста на матката и помага да се одржи телесната температура. Тоа на нив делува смирувачки и им помага да се прилагодат на животот надвор од матката. Ако можете, пробајте да го ставите бебето во креветче во различно време, детска количка, повивање, или пак да го земете во раце, за да дознаете што му одговара најмногу.  

Понатамошни развојни чекори

Од 30-тата недела па натаму, лануго влакната кои го покриваат Вашето бебе постепено ќе исчезнат, оставајќи го со само мала количина влакненца на кожата до моментот на раѓање. Научно е докажано  дека бебето сега може да чувствува болка, а се дефинира и склоноста за користење на левата или десната рака, што подоцна ќе го дефинира како левак или деснак. 

Прегледот со ултразвук пред породувањето ќе послужи за утврдување на положбата на постелката со апсолутна сигурност. Тоа ќе биде важно за кога ќе родите: на пр., ако постелката делумно или целосно го покрива Вашиот цервикс (познато како placenta previa), раѓањето по природен пат нема да биде возможно, и заради Ваша сигурност и за сигурност на Вашето дете вообичаено се изведува раѓање со царски рез. 

Како се чувствува идната мајка во 30-тата недела од бременоста

Во моментов, Вашиот главен фокус ќе биде насочен кон намалување или избегнување на симптомите како што се болки во грбот и нозете кои се присутни кај повеќето бремени жени. Ќе Ви биде потешко да се движите, па дури и при качување по скали дома може да Ве остави без здив. Ова е делумно затоа што Вашите бели дробови, како и сите органи во стомакот и градите, се притиснати од Вашата матка, но и затоа што носите многу поголем товар. Бременоста е како спорт на високо ниво за женското тело и бара перформанси на високо ниво.

Вообичаени знаци и симптоми

Сврбеж и стрии

Понекогаш може да забележите сврбеж додека Вашата кожа се растегнува. Дерматолозите кажуваат (а, и искуството од други мајки потврдува) дека секојдневно нанесување на крем или масло во областите зафатени со најголемо растегнување на кожата, е најдобар начин за да се намали сврбежот и стриите, како во однос на големината, така и на интензитетот. Малите стрии брзо ќе исчезнат по породувањето и притоа нема да остават видливи лузни.  

Сепак, нанесувањето крем на кожата нема да гарантира дека нема да добиете стрии, бидејќи тоа зависи од типот на кожа што ја имате и од Вашите гени.

Повеќе влакна на вашиот стомак

Дефинитивно ќе забележите дека Вашето тело се променило на многу начини во последните неколку недели. Вашите ареоли (области околу вашите брадавици) можеби станале потемни и сега може да има линија на бременост, наречена linea nigra, која се протега од Вашиот папок до вашата срамна коска. Други можни симптоми се повлакнести делови на Вашиот стомак, предизвикани од хормоните што Вашето тело сега ги произведува. Се смета дека жените кои очекуваат момче имаат поголема веројатност да ја добијат повеќе влакна,  бидејќи тоа може да биде резултат на машкиот полов хормон тестостерон, кој предизвикува раст на влакна. Друга теорија е дека овие влакна растат бидејќи на Вашиот стомак му е потребна дополнителна заштита. Но ништо не е потврдено со  сигурност.

Важни совети

  • Обезбедете здрав развој на Вашето дете со доволен внес на калциум преку храната. Најдобри извори на калциум се млекото и другите млечни производи како јогурт и сирење, како и зелениот зеленчук како брокула, кељ, рукола кои се добра опција, како и јаткастите плодови и минералната вода. 
  • Консултирајте се со патронажна сестра и замолете да Ви покаже неколку вежби за дишење. Ова ќе ви помогне кога ќе почнат контракциите, а правилното дишење ќе ја намали болката и ќе ви помогне да се опуштите при породувањето.
  • Обидете се да ги почувствувате различните болки во стомакот. Важно е да се направи разлика помеѓу болките во растот и интензитетот на контракциите за време на породувањето.
  • Ако размислувате да одите на одмор со партнерот пред да дојде бебето, сега е право време за тоа. Проверете кои дестинации се соодветни за трудници.

Прашања кои сакате да му ги поставите на Вашиот лекар

Потврдување на положбата на плацентата и подготовка за можен царски рез

На Вашиот следен преглед, лекарот со помош на ултразвук ќе ја одреди положбата на постелката во матката. Ако делумно или целосно го покрива грлото на матката (placenta previa), тоа може да биде причина за дополнителни контроли и треба да бидете спремни дека породувањето ќе се изврши со царски рез.  

Иако технологијата за царски рез во последните неколку децении напредуваше со голема брзина, и понатаму треба да се смета за исклучок. 

40-минутната процедура вклучува породување на Вашето бебе со сечење на долниот дел од стомакот и зидот на матката, што значи дека ќе бидете под анестезија. Анестетикот кој се користи нема да му наштети на Вашето дете.

Ако имате placenta previa и Ви се советува да направите царски рез, погрижете се да ги поставите сите прашања кои сакате да ги поставите за да ги добиете сите информации што Ви се потребни.

Информации за авторот:

Juliane Jacke-Gerlitz е регистрирана медицинска сестра. Повеќе од десет години таа ги советува мајките и доилките. Моментално работи како медицински писател и психолошки консултант. Juliane Jacke-Gerlitz е во брак 22 години, мајка е на осум деца и живее со нејзиното семејство во Halle.