Skip to main content

Гестациски недели:

38-ма гестациска недела : Време е за последните подготовки

Со почетокот на 38-мата недела, вие сте во втората недела од десеттиот месец од бременоста. Веќе многу работи се променија  во Вашиот живот. Но очекувањето на Вашето бебе сеуште ќе биде најголема радост.  

Големина на Вашето бебе во 38-мата недела од бременоста

Вашето бебе порасна уште еден сантиметар во должина и сега е долго 49 cm. Тоа сега тежи 3100 грама, што значи повеќе од 3 килограми. И двете вредности брзо се приближуваат до оние кои новороденчето ќе ги има на раѓање.

Развој на Вашето бебе

Главата на Вашето бебе и понатаму се развива  и сега има дијаметар од околу 32 cm. Во преостанатото време до раѓањето белите дробови се подготвуваат за одлучувачкиот момент на прво вдишување. Со помош на мајчиниот кортизон, кој сега се формира, можно е белите дробови со првото вдишување целосно да се отворат и да не се слепат. Од овој момент Вашето бебе може самостојно да дише и може да преживее надвор од матката.   

Во 38-мата недела, Вашето бебе нема да се движи многу. Ова е делумно поради тоа што нема многу простор, но и затоа што треба да се одмори и да се подготви за породувањето. Лажните контракции го поместиле бебето  длабоко во карлицата и веќе би требало да ја заземе положбата на раѓање, иако на некои  бебиња тоа не им успева баш и можеби ќе им треба надворешна помош.

За време на Вашите прегледи во оваа фаза, вашиот лекар користејќи ултразвук може, доколку е потребно, да утврди дали плацентата сè уште прави сè што треба да прави - т.е. дали сè уште го снабдува Вашето бебе со она што му е потребно. Ако не, Вашиот лекар може да одлучи да предизвика раѓање откако ќе ја разгледа ситуацијата и ќе ги процени ризиците и придобивките за Вашето бебе и неговиот понатамошен здрав развој.

Вашиот лекар исто така може да го процени веројатниот датум за раѓање. Ако ова е наскоро, и ако CTG јасно покажува дека веќе доживувате кратки, нередовни контракции, можеби е подобро да се предизвика раѓање. Ова зависи од ситуацијата на Вашето бебе и виталните знаци, кои покажуваат дали е под голем стрес. Постојат природни, нежни начини да се поттикне раѓањето на кои Вашата матка ќе реагира позитивно, и кои ќе го поттикнат бебето да ја движи главата понатаму надолу во Вашиот карличен прстен кога ќе дојде време.

Како се чувствува идната мајка во 38-мата недела од бременоста

Неизвесноста ќе биде речиси неподнослива, а Вие ќе бидете нервозни и раздразливи. Притисокот што Вашето бебе го врши на карлицата сè уште ќе Ви предизвикува болки во грбот и стомакот, што ќе ги стави Вашите нерви на работ. Речиси сигурно ќе биде слично за Вашиот партнер: повеќето идни татковци се чувствуваат беспомошни во оваа фаза, особено ако ова е Вашето прво дете, бидејќи ниту тие не знаат кога конечно ќе се случи. 

Вообичаени знаци и симптоми

Вашето тело се подготвува за раѓање

Ако Вашето тело е подготвено за породување, слузниот чеп сега се олабавува. Во текот на целата бременост слузниот чеп го „затвора“ грлото на матката и гарантира дека ниту една бактерија не може да влезе во Вашата матка. Кога ќе се олабави, ќе забележите зголемен бел исцедок (кој исто така може да содржи мала количина на крв). Штом тоа се случи, процесот на породување обично започнува 24 часа подоцна со вистинско породување, кое ќе трае неколку дена и вклучува неправилни контракции пред самото раѓање.

Други знаци може да бидат киселини, гадење, дијареа и замор - Вашето тело ве подготвува за раѓање и почнува да се „чисти“. Чувството на замор е начин на Вашето тело да Ви каже да се одморите и да ги соберете мислите.

Во 38-мата недела, треба да го слушате телото, да обратите внимание на симптомите што ги имате и да се обидете да се опуштите.  Уживајте во последните неколку денови од бременоста – и радувајте се на доаѓањето на новиот член на семејството заедно со Вашиот партнер.

Совет од акушерка

„Иако сега се ви е многу потешко, обидете се да уживате во времето кога го чекате доаѓањето на детето. Размислете за работите или активностите кои се добри за Вас и Ве прават среќни.“ Dorothee Kutz, акушерка

Важни совети

  • Ако почувствувате неправилни контракции, проверете дали се вистински или не капејќи се! Вистинските контракции ќе се интензивираат во топла вода, додека лажните ќе ослабнат.
  • Дури и ако чувствувате гадење, обидете се да продолжите да јадете урамнотежена исхрана и мали оброци.
  • Погрижете се да внесувате доволно железо – крвта што ја губите за време на раѓањето и во непосредниот постнатален период значително ќе го намали нивото на железо во Вашето тело.
  • Ако се чувствувате претерано или постојано уморни, посетете го Вашиот лекар за повторно да го проверите нивото на железо.

Прашања кои сакате да му ги поставите на Вашиот лекар

Што ако моето бебе не сака да се сврти?

Некои бебиња тешко ја завземаат положбата за раѓање. Причините се од различно потекло и може да се од болест или инвалидитет кај бебето до психолошко преоптоварување кај идната мајка, што го спречува бебето да се подготви за раѓање. Ако Вашето бебе има болест или попреченост, царски рез обично е најдобриот начин за породување. Сепак, понекогаш не постои конкретна причина зошто Вашето бебе нема да дојде во позиција на раѓање. Ако е така, модерната медицина има многу методи и техники за да го натера Вашето бебе да се сврти (позиционирањето на бебето обично почнува во 34-тата недела).

Информации за авторот:

Juliane Jacke-Gerlitz е регистрирана медицинска сестра. Повеќе од десет години таа ги советува мајките и доилките. Моментално работи како медицински писател и психолошки консултант. Juliane Jacke-Gerlitz е во брак 22 години, мајка е на осум деца и живее со нејзиното семејство во Halle.