Skip to main content

Гестациски недели:

7-ма гестациска недела: од сега може да одите на преглед на секои четири недели

Во седмата недела Вашето бебе има 5 недели, а вие сте на половина од вториот месец и во првиот триместар од бременоста.

Големина на Вашето бебе во 7-мата недела од бременоста

Вашето бебе е со должина од околу 5 милиметри и изгледа како мал зелен грашок. Тоа е цврсто вградено во Вашата матка и удобно е сместено во амнионската ќеса. Во седмата недела, тоа е се уште  многу мало во споредба со просторот што го има на располагање.

Развој на Вашето бебе

Вашето бебе ќе се движи многу, иако неговите движења ќе бидат повеќе како конвулзии без никаква координација. Меѓутоа, координацијата ќе се подобри во текот на следните неколку недели.

Неговото срце чука брзо и силно со околу 150 отчукувања во минута, за што е потребен извонреден напор за да може да се справи со сите процеси што се случуваат во неговото тело.

Ако очекувате близнаци, ќе можете да видите две одвоени срца како силно чукаат, иако лекарот сè уште нема да може да ги види одвоени бидејќи  малите тела ќе бидат едно позади друго.

Рацете, дланките и нозете полека почнуваат да го добиваат својот облик. Ултразвукот ќе покаже мали испакнатини на нивните раце, кои ќе станат нивни прсти.

Опашката на Вашето бебе сè уште ќе биде видлива, иако ќе исчезне во текот на следните неколку недели штом целосно ќе се формираат нозете и 'рбетот.

Во меѓувреме на прилично поголемата глава, почнува да се формира лицето. Очите изгледаат како црни точки, и може да се видите отворот за  устата и двете ноздри. Тие сега се мали вдлабнатини, кои ќе се развијат во отвори додека  носот ќе се развие во подоцнежна фаза.

Плацентата, исто така, продолжува да се развива за да биде во чекор со растечките потреби на Вашето бебе и да осигура дека бебето добива доволно кислород и хранливи материи од Вашето тело. Во седмата недела, плацентата е на половина од големината што ќе ја достигне до крајот на бременоста. Отприлика, околу 14-тата недела, ќе го има истиот облик, форма и големина како и на денот на породувањето.

Како се чувствува идната мајка во 7-та недела од бременоста

Повеќето бремени жени доживуваат симптоми како резултат на хормоналните промени во нивните тела во текот на првиот триместар. Во зависност од сериозноста на симптомите, во 7-мата недела можете да ги ублажите симптомите со начинот на живот.

Ако симптомите Ве изнемоштуваат, можете да очекувате истите дека ќе се ублажат или целосно ќе исчезнат до третиот месец. Оттогаш, трудниците обично се чувствуваат многу подобро и пооптимистички.

Вообичаени знаци и симптоми

Болни и натечени гради

Вашите гради почнуваат да се зголемуваат, а тоа значи дека често ќе ги чувствувате болни и натечени. Ова може да предизвика проблеми навечер, бидејќи често е тешко да се најде позиција во која можете да лежите удобно - понекогаш дури и само тежината на Вашата прекривка ќе Ви пречи. Дури и гушкањето често може да биде и болно.

Чувствителност на мирис

Дали знаевте дека чувствителноста на мирис и чувството на гадење кога станува збор за одредена храна е природен начин на кој идната мајка може да спречи да не си наштети на себе и на своето дете? За да ја избегне опасноста за Вас и Вашето дете, Вашето тело го користи таканаречениот рефлекс на “тотална аверзија” за да Ве спречи да конзумирате супстанции кои не треба да ги внесувате.

Вагинален исцедок

Може да почувствувате и зголемен вагинален исцедок. Ако нема крварење или ако е само минимално, тогаш се е како што треба. Ако има крварење и имате силни болки во стомакот, тоа може да биде знак за спонтан абортус.

Подготовка за доење

Веќе почнувате да ја зголемувате телесната тежина така што Вашето тело создава резерва од масни клетки - се подготвува за потребите на породувањето и периодот потоа. Ќе ви требаат и доста масни резерви за да можете да го доите Вашето дете. Во периодот на доење, мајките почнуваат да ја губат телесната тежина стекната во текот на последните неколку месеци, што значи дека тоа е важно време и за Вашето дете и за Вашето здравје. Доењето исто така го намалува ризикот од срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и разни видови на рак, вклучително и рак на матката.

Важни совети

Ако има нешто за кое не сте сигурни, опуштете се и обидете се навистина да го слушате Вашето тело. Верувајте им на сигналите кои Ви ги дава и она што ви го кажуваат Вашите инстинкти.

Јадете многу од Вашито омилено свежо овошје и зеленчук - особено се препорачуваат смути (пробајте HiPP смути  кога сте излезени!).

Обидете се да носите памучна долна облека колку што е можно повеќе, бидејќи тоа и дозволува на Вашата кожа да дише и воопшто нема да Ве стега.

Користете само топла вода за измивање на интимните делови и одбегнувајте сапун (освен ако имате специјален лосион кој штити и создава здрава вагинална флора).

Прашања кои сакате да му ги поставите на вашиот лекар

Заштита од патогени и хемикалии во базените

За време на бременоста, Вашата вагинална средина е почувствителна од вообичаеното, и особено треба да се внимава на pH нивото за да се одржи деликатната рамнотежа. Вашата вагина исто така е особено подложна на патогени и габични инфекции.

Агресивните супстанции како што е хлорот кој се користи во базените може да ја нарушат оваа рамнотежа. Доколку и пред бременоста сте приметиле осетливост после базен (на пример, ако забележите промена на вагиналната обвивка), тогаш ефикасната заштита е уште поважна за време на бременоста. Од искуството на многу жени, тампонот не нуди сигурна заштита од хемикалиите и патогените во водата, бидејќи конецот им овозможува лесен пат на патогените до вагината. Хлорот исто така се впива со водата во тампонот, што значи дека може да влезе и во вагината и да влијае на нејзината слузница.

Нежни хомеопатски лекови

Постојат природни и нежни методи на лекување за непријатните симптоми што ги доживуваат бремените жени. Еден од нив е хомеопатијата, метод на лекување заснован на принципот „слично се лечи со сличното“, која речиси и да нема никакви несакани ефекти и е особено ефективна за време на бременоста. Разговарајте лекар кој има искуство со природната медицина за да откриете кои лекови може да се користат за Вашите симптоми.

Информации за авторот:

Juliane Jacke-Gerlitz е регистрирана медицинска сестра. Повеќе од десет години таа ги советува мајките и доилките. Моментално работи како медицински писател и психолошки консултант. Juliane Jacke-Gerlitz е во брак 22 години, мајка е на осум деца и живее со нејзиното семејство во Halle.