Skip to main content

Гестациски недели:

28-ма гестациска недела: Почнува да се развива имунолошкиот систем на Вашето бебе

28-та недела е крајот на седмиот месец од Вашата бременост. Сега сте во третиот и последен триместар - кој трае од 28 до 40 недела.

Големина на Вашето бебе во 28-та недела

Вашето бебе е долго помеѓу 37 и 37,2 сантиметри, отприлика колку праз. Сега тежи помеѓу 1000 и 1100 грама, така што ја пробило бариерата на килограмите. Отсега натаму, тоа нема да расте многу во должина, но ќе добива на тежина.

Развој на Вашето бебе

Во 28-мата недела, Вашето бебе почнува да апсорбира антитела од вашата крв преку плацентата, што е првиот голем чекор во развојот на имунолошкиот систем. Овие антитела потоа го поттикнуваат телото на Вашето бебе да произведува свои антитела за заштита од патогени.

Развој на мозокот

Мозокот на Вашето бебе станува сè покомплексен како што браздите стануваат се поизразени. Зголемената мозочна активност, резултат на  подобрената сензорна перцепција, може да се открие и со мерење на електричните сигнали генерирани од нервите во спроводниот систем и импулсите во мозокот со помош на ЕЕГ (електроенцефалограм).

Развој на белите дробови

Белите дробови на бебето се развиваат еднакво  брзо. Бронхата, преминот што го спроведува  воздухот во неговите бели дробови, е поделен на десна и лева главна бронхија, така што воздухот може да поминува до крај низ белодробното ткиво откако ќе се роди. Досега се развиени и алвеолите, кои се клучни за размена на свежиот воздух богат со кислород што го вдишува со „искористениот“ воздух што го издишува. Сега се произведува специјална супстанција наречена сурфактант, која ќе обезбеди алвеолите да не се лепат при вдишување и да ја заштити површината на белите дробови.

Со сето ова, Вашето бебе продолжува да го вежба  своето дишење. Ова вклучува голтање на доста плодова вода, што може да доведе до икање кое јасно ќе го почувствувате како мало грчење во стомакот.

Доколку Вашето бебе би се родило сега предвремено, шансите за преживување би биле прилично добри.

Развој на очите

И очите на Вашето бебе продолжуваат да се развиваат: кога спие, ги затвора очите и кога е будно, ги отвора. Тоа сега може да прави разлика помеѓу светло и темно, што влијае на ритамот на спиење и може нејасно да разликува бои и форми. Следната фаза е развојот на остриот вид, иако очите  нема да бидат во целост развиени по раѓањето. Созревањето и развојот на детскиот вид завршува дури кога ќе стане на возраст од две години.

Како се чувствува идната мајка во 28-мата недела од бременоста

До крајот на седмиот месец од бременоста, веројатно веќе сте ја зголемиле телесната тежина.  Вашиот стомак пораснал, што го поместува Вашиот центар на гравитација и го променува начинот на кој го перципирате Вашето тело - иако постојат специфични вежби кои можете да ги направите за да се прилагодите на Вашите нови околности. Во 28-мата недела, ќе забележите се повеќе симптоми  кои се предизвикани од тежината и растечкиот стомак. 

Вообичаени знаци и симптоми

Барате позиција за спиење

Вашиот стомак ќе го отежни наоѓањето на удобна позиција во која ќе лежите, па честопати ќе ви биде потешко да заспиете. И не само тоа, туку ќе се мачите да спиете во текот на ноќта додека се вртите, обидувајќи се да најдете подобра позиција  за спиење.

Совет од акушерка

„Поставувањето перниче под стомакот кога лежите на страна ќе Ви го направи спиењето во оваа позиција многу поудобно.“ Dorothee Kutz,, акушерка

Во 28-та недела, фундусот, врвот на вашата утроба, ќе биде точно во средината на Вашиот папок и ребрен лак.

Вашето бебе се повеќе се движи 

Вашето бебе го користи просторот кој сè уште го има во матката за интензивни активности додека ги вежба своите движења, што понекогаш може да го наруши Вашиот сон и да ја наруши Вашата концентрација. Овие силни движења може да се видат и однадвор: одвреме-навреме ќе има мало испакнување предизвикано од притисокот од нивните мали стапала или раце. Ако очекувате близнаци, тоа ќе се случува почесто.

Сега, идниот татко и идните баби и дедовци можат да уживаат во „контактот“ со Вашето бебе. Во 28-мата недела, не е можно да се знае во каква точна позиција е Вашето бебе - тоа ќе застане во која било позиција која му се допаѓа.

Забележување на контракции

Вашето тело продолжува да се подготвува за раѓање и да вежба контракции: одвреме-навреме, без предупредување, ќе почувствувате како Вашиот стомак се стега на итревали околу една минута. Ова нема да биде болно и во никој случај не е опасно за Вашето бебе.

Вашата матка притиска на другите органи

Покрај тоа што се борите да спиете во текот на ноќта, ќе треба и често да одите во тоалет за да  мокрите. Тоа е затоа што Вашата матка и Вашето бебе го притискаат Вашиот мочен меур, намалувајќи ја неговата големина. Понатаму, Вашата матка врши притисок и врз други органи, што може да резултира со киселини или болка во бубрезите.

Болни нозе

Отечени стапала и зглобови, тешки нозе (особено во лето) и грчеви во мускулите се вообичаени симптоми кои трудниците ги чувствуваат во оваа фаза. Затоа, грижете се за себе:

  • Погрижете се да се одморите многу!
  • Не заборавајте да јадете здрава исхрана со многу магнезиум! 
  • Седнете или легнете со кренати нозе колку што можете почесто!

Подигнувањето на нозете ќе ја зајакне циркулацијата на крвта и водата во ткивата и ќе го запре „таложењето“ на крвта и водата од ткивата во долните екстремитети.

Дознајте повеќе за хранливите материи кои Ви се потребни за ублажување или минимизирање овие симптоми.

Важни совети

  • Ако имате отечени и болни нозе, олеснување ќе Ви даде облога за ладење со ладна вода и мала количина јаболков оцет.
  • Ако се мачите да заспиете, билките како лаванда и маточина можат да Ви помогнат. Етеричните масла со портокал и роза имаат балансирачки ефект, а ванилата може да Ви помогне да се опуштите и да ја зголемите концентрацијата.
  • Кога користите билки, како на пример во ароматерапијата, секогаш внимавајте да се соодветни за бременост: на пример, листови од  сена и листови од малина не се добра идеја пред 36-та недела бидејќи можат да предизвикаат породување, а чајот од листови од малина го ослабува дното на карлицата.
  • За да избегнете проширени вени и грчеви во мускулите, можете да ги тренирате вените така што ќе стоите на прсти, ќе ја држите својата позиција и потоа ќе се полека ќе стапнете на цело стапало. Масажер за стапала би можело да Ви биде од помош. 
  • Повеќето предпородилни часови започнуваат во оваа фаза. Најдете време да присуствувате на нив и не се срамете да му ги поставите на едукаторот сите прашања што Ви се на ум.

Прашања кои сакате да му ги поставите на Вашиот лекар

Добивање помош за проширени вени

Ако често чувствувате болка во нозете или ако сте страдале од проширени вени пред бременоста, Вашиот лекар ќе може да Ви каже дали овој проблем е медицински релевантен за бременоста. Можеби имате генетска предиспозиција за  проширени вени, што е најчесто само естетски проблем. Вашиот лекар може да Ви помогне во превенција на тромбоза, која понекогаш вклучува терапија или превентивен третман. Во овој случај и во зависност од тоа што вклучува Вашата работа, првиот чекор би бил да носите компресивни хулахопки (кои се високо еластични и затоа спречуваат таложење на крвта во Вашите потколеници) кога стоите и шетате наоколу.

Информации за авторот:

Juliane Jacke-Gerlitz е регистрирана медицинска сестра. Повеќе од десет години таа ги советува мајките и доилките. Моментално работи како медицински писател и психолошки консултант. Juliane Jacke-Gerlitz е во брак 22 години, мајка е на осум деца и живее со нејзиното семејство во Halle.