Витамин Б6

Зошто е витаминот Б6 толку важен?

Витаминот Б6 или пиридоксин исто како и фолната киселина, припаѓа во групата на Б витамини. Тој го осигурува оптималното превземање на виталните протеини од храната. Бремените жени имаат зголемени потреби од витамин Б6. Освен тоа, витаминот Б6 е вклучен во формирањето на крвта. Како што се зголемува волуменот на крвта за повеќе од еден литар во тек на бременоста, исто така тој е од витална важност за формирање на истата. Понатака, витаминот Б6 има многу важна функција во нервниот систем и го поддржува здравиот имун систем.

Добри извори на витамин Б6

Риба или месо, производи од цело зрно и зеленчук – витаминот Б6 го има многу во овие намирници. Гравот и бананите се исто така богати со витамин Б6. Мора да се напомене дека витаминот Б6 е многу осетлив. Тој е растворлив во вода и изложување на ултравиолетова светлина го уништува. Се препорачува да се користат свежи намирници кога е тоа возможно и да се подготвуваат на пониска температура. Студиите покажале дека недостаток на витамин Б6 најчесто се појавува во последниот триместар од бременоста. Поради тоа е потребно да се земаат додатни количини на витамин Б6, најдобро преку суплементи.

Симптоми на недостаток на Б6

Како резултат на голем недостаток може да се појават дерматолошки и невролошки проблеми, како и проблеми со видот и анемија. Не би требало да си дозволите ризик и да дозволите појава на недостаток од  витамин Б6!