Риба-исто така здрава за бебиња!

Рибата е високо квалитетна храна, и дел од редовна исхрана во повеќе европски држави, како и во исхраната на децата. 

Риба треба да се јаде редовно бидејќи е важен извор на состојки. Морската риба е важен извор на елементот во трагови Јод, кој е есенцијален за добро функционирање на тироидната жлезда. Исто така е важен за бебиња и за нивен развој. Мрсни морски риби, како лосос, содржат скапоцени Омега-3 масни киселини кои се важни за развој на мозокот и нервните клетки. 

Навиките за јадење се формираат во рана возраст. Затоа е важно да ги запознаете бебињата со здрави оброци – а тоа вклучува риба. 

HiPP нуди барем еден оброк со риба во секој фаза на исхрана. Тоа придонесува за разноврсна исхрана за вашето дете, бидејќи се препорачува еднаш неделно да се јаде риба.

Дури и бебиња со ризик од алергии имаат дозвола да јадат риба кога ќе стигнат до фаза на дохрана. Тоа е така бидејќи препораките во врска со составот на дополнителната храна се однесуваат и на бебиња со ризик од алергија и на бебиња без ризик. Дури има и индикации дека јадење риба во текот на првата година на бебињата има превентивен ефект врз развојот на алергии.

Сигурно се прашувате: Од каде доаѓа рибата за HiPP оброците?

Најголем дел од рибата што ја користиме доаѓа од длабок морски риболов. Рибата е ловена и сертифицирана според правила на Marine Stewardship Council (MSC). Ние во HiPP гарантираме за внимателен и одржлив метод на риболов, за зачувување на рибниот фонд и против прекумерно порибување на океаните. 

Само доколку не е достапна риба ловена во дивините во квалитет и квантите кој ни треба, HiPP се враќа на производи од органско земјоделие. Оваа риба е одгледана според строги органски насоки. 

Цела риба се процесира веднаш и длабоко се замрзнува за понатамошно преработување. Пред да се најде во тегличка, темелно се тестира во нашите лаборатории.