Прва помош за вашето бебе на одмор

Одење на доктор е скапо во странство, па затоа најдобро е да си извадете здравствено патничко осигурување. 

Опасност од изгореници

За Вашето бебе, секоја изгореница освен што е непријатна и болна, исто така го зголемува ризикот од рак на кожа.

Вистина е дека „Кожата никогаш не заборава.“

Ризикот од развој на кожен рак се зголемува со повторувачки изгореници од сонце и изложеност на УВ, посебно за време на детството и рана адолесценција. Една од причините е дека меHAнизмите за репарирање на повреди од сонце врз кожата не се потполно развиени кај бебињата и малите деца. 

Дополнително, кожата е веќе оштетена одреден период пред да се појави видно изгореницата. Ризикот од долготрајно оштетување како рак на кожа е веќе зголемен и пред црвенилото на кожата да стане видливо. 

Избегнувајте го овој ризик со одговорно изложување на сонце. 

 

Доколку се појават изгореници од сонце:

Користете облоги со ладна вода, растворен црн чај или млеко од путер за полесни изгореници. Разладувачки лосиони или креми исто можат да ја олеснат болката. Никогаш не користете масни или мрсни креми! Во сериозни случаи (особено ако е комбинирано со симптоми како повраќање, треска и температура) Вашето дете мора да го прегледа доктор. 

Убоди од инсекти

Ставете парчиња кромид на убодот или ладете со вода, мраз или анти-алергени гелови. Во случај на убоди од инсекти во устата и грлото, дајте му на детето коцки мраз или сладолед од мраз за лижење и посетете доктор веднаш. 

Опстипација

Многу често неколку лажици од сок од праска, круша или кајсија помагаат. Ова има омекнувачки ефект врз столицата. Сливата исто има омекнувачки ефект врз столицата. HiPP ја има во комбинација со круша или јаболко: HiPP Слива со Круша. Осигурајте се дека Вашето бебе прима доволно течности. Вежби или нежна масажа помага за дигестија. Во подолготрајни случаи, побарајте совет од доктор. 

Сет за прва помош

Што треба да имате со вас:

  • Топломер и супозитории против температура
  • Електролитен раствор за во случај на дијареа
  • Завои, фластери, пинцети
  • Дезинфициенс за рани, гел/маст за убоди од инсекти и изгореници
  • Сите лекови кои Вашето бебе ги прима редовно. Сетот за прва помош во рачен багаж!