Креми за сонце и ризик од изгореници

Креми за сонце -  изберете ги оние кои се наменети за бебиња и мали деца

Бидете сигурни дека кремите за сонце кои ги купувате се наменети за бебиња и мали деца. Користете креми без парфеми, бои и конзерванси, кои нема дополнително да ја иритираат чувствителната  бебешка кожа. Нанесувајте од кремот после секој контакт со вода, дури и ако кремот е водоотпорен.  Со нанесување на повеќе крем, не се зголемува времето на заштита!

Внимавајте кога нанесувате од кремот да не ги заборавите ушите, табаните и делот околу очите, ако главата не е покриена со шапка. 

Опасност од изгореници

Изгорениците  од сонце не се само непријатни и болни за бебињата, туку и ја зголемуваат можноста од развој на рак на кожата.

Да, вистина е, “кожата никогаш не заборава“. Ризикот од развој на рак на кожата се зголемува, особено во текот на детството и раната младост, поради повторувачки изгореници  и претераното изложување на UV зраци. Една од причините е и таа што бебињата и малите деца ги немаат комплетно развиено механизмите за обновување на кожата.

Оштетувањето на кожата се случува пред  да се видливи изгорениците – ризикот од долготрајно оштетување (рак на кожата), се зголемува дури и пред  да има видливо црвенило на кожата.

Паметното изложување на сонце го намалува ризикот од оштетувања.видете изложување на сонце

Ако сепак се појават изгореници:

Лесните изгореници можат да се ублажат со ткаенина натопена во ладна вода, разблажен црн чај или млеко од путер. Лосиони за ладење и креми исто така може да помогнат. Не користете маслени креми! Ако се појават посериозни симптоми, како на пример повраќање, треска и грчеви, задолжително консултирајте се или посетете лекар!