Риби од одржлив риболов

HiPP користи исклучиво MSC- сертифицирани риби од органски аквакултури. MSC гарантира дека рибниците кои ги контролира, ги запазуваат специфичните стандарди за околината, ги заштитуваат популациите на риби и работат во согласност со ефикасните принципи на менаџирање.

За да се гарантира дека рибите ќе бидат со најдобар квалитет, редовно се анализираат условите на околината и се одбираат местата за рибарење на отворено море кои се со најдобар квалитет.

Со сите овие мерки. HiPP исто така помага во спречување на прекумерен риболов и во зачувување на популацијата на риби за да еден ден кога ќе пораснат, нашите мали консументи имаат доволно ресурси.

Marine Stewardship Council -MSC е независна, не профитабилна организација која е задолжена за сертифицирање на одржливото рибарење. Независни контролори постојано ги проверуваат рибарите во однос на тоа дали ги применуваат високите стандарди на MSC. Тие стандарди гарантираат дека рибите доаѓаат од сертифицирани рибарници кои ја заштитуваат животната средина исто како и рибите.