Што значи органски квалитет?

Бебињата кои не се или само делумно се на доење имаат потреба од млечна формула која моделирана според мајчиното млеко. Организмот на доенчето е сеуште многу чувствителен. Поради тоа составот на формулата е јасно утврден со закон. Кравјото млеко, кое се користи како основа обезбедува калциум и важни протеини. За HiPP е важно дека користиме производи кои се природни и користиме само строго контролирано органско млеко како основа за нашите органски млечни формули. 

Повеќе од 40 години искуство

HiPP органските млечни формули се развиени од експерти за млечни формули, врз основа на најновите научни сознанија во последните 40 години. Со користење на органски производи ние сме значително над законските барања во изборот на суровини за производство на млечни формули.

Greenpeace: „препорачан„ рејтинг

Потврдено од Greenpece: во советникот за купување ’млеко за деца – исхрана без генетски инженеринг’, од најголемите и најзвучните брендови за млечни формули, само HiPP органските млечни формули беа наградени со рејтингот „препорачан“.

Одгледувањето на генетски модифицирани растенија ( исто и за сточна храна) јасно е забранета согласно со прописите на ЕУ Органското земјоделство. HiPP исто така е убеден дека органското одгледување е најдоброто и дека е неспоиво со генетскиот инженеринг. Нашите години искуство во преработка на органски суровини гарантираат за најдобар органски квалитет. Повеќе од 600 контроли во секоја производствена серија значи највисока безбедност за вашето бебе.

HiPP Органски печат

HiPP Органскиот печат се залага за посебниот органски квалитет за кој Claus HiPP лично гарантира. Гарантира за највисокиот квалитет и ги надминува органските барања на ЕУ. Покрај тоа, во нашиот избор на суровини и производи ние сме значително над строгите законски барања за производство на млечни формули.