Политика на приватност
Добродојдовте на нашата веб страна hipp.mk и ви благодариме на вашиот интерес за нашата компанија и производи. Ние секогаш многу сериозно се грижиме за заштитата на вашите податоци. Затоа, сакаме да ве информираме за начинот на кој HiPP ги обработува вашите лични податоци. Веб страната hipp.mk е обезбеден од HiPP Gmbh & Co. Vertrieb KG, Pfaffenhofen ( HiPP - во текстот понатаму).
HiPP ги обработува вашите лични податоци само доколку ова е дозволено врз основа на законските регулативи, или доколку Вие сте ни дале согласност за тоа. Основата, во зависност од специфичната природа на обработка на податоците, е Чл.6 (1) a), b), c) или f) од Општата Регулатива за заштита на податоци на ЕУ (“GDPR”). Доколку ви се потребни информации или сакате корекција, преносливост на податоци, бришење, ограничување / спротивставување на обработката, контактирајте ја нашата служба за клиенти на 02/3112525 или пак на contact@hipp.com.mk во било кое време во врска со вашите права на приватност. Дополнително, можете да испратите било какви прашања или поплаки што може да ги имате до одговорниот службеник за заштита на податоците A. Maier преку е-пошта на datenschutz-team@hipp.de, или до надлежниот надзорен орган за заштита на податоци:
Агенција за заштита на личните податоци
Бул.Гоце Делчев бр.18 (Зграда на МРТВ кат 14)
Поштенски фах 417
1000 Скопје
Тел: 02/3230 635; 02/3230 617
Е-пошта: info@ privacy.mk
Ви благодариме!
1. Обработка на податоци
Постојат два начина на кои ние ги добиваме податоците: или вие сте ни ги дале на нас или пак ние сме ги собрале додека сте ги користеле нашите сервиси.
1.1 Податоци кои сте ни ги дале на нас
Општо земено, вие можете да ја користите нашата интернет веб страница без да ни ги давате вашите лични податоци директно. Доколку користите одредени сервиси, на пр. контакт форма, ние ќе ве прашаме за вашите лични информации. Во ова може да бидат вклучени, на пример, вашето име, вашата e-mail адреса или пак вашата домашна адреса. Тоа ќе ја направи услугата многу побрза и попријателска за корисниците. Некои услуги на пример, не можат да се обезбедат без внесување на вашите податоци. Подетално за сите услуги кои ги нудиме на hipp.mk, ве молиме прочитајте во членот 2 во овој дел на политика на приватност.
1.2 Податоци кои ги добиваме кога ги користите нашите сервиси
Некои податоци се добиваат штом ќе ја посетите нашата веб страна.
1.2.1 Податоци од интернет протоколот
Автоматски собраните податоци ги опфаќаат податоците за протокол на веб-серверот. Секој пат кога пристапувате на страницата и користите некоја од онлајн услугите или симнувате датотека, пристапните податоци поврзани со овој процес се зачувуваат во протокол датотека на нашиот сервер. Секој сет податоци се состои од:
- страницата од која е побарана новата страна или датотеката
- името на бараната датотека или страница
- датумот и времето на барањето, дали барањето било успешно и искористеноста на капацитетот на серверот во времето на барањето
- пренесениот волумен на податоци
- IP адресата која ви е доделена од провајдер
- ако се најавувате со корисничка сметка, исто така информациите за најавување за соодветната веб-услуга
- користениот уред (мобилен телефон, копјутер и.т.н.) и оперативниот систем, како и
- користениот софтвер на прелистувачот.
Таквите зачувани информации се користат исклучиво во статистички цели и остануваат анонимни.
1.2.2 Колачиња
Колачињата се мали датотеки, кои содржат низа на карактери, во кои се зачувуваат одредени информации било да се шифрирани или дешифрирани. Серверот испраќа колачиља до вашиот компјутер каде се зачувуваат. Тие прво служат за да се идентификува копјутерот од каде сте пристапиле до веб-страната. Ако се најавите на веб-страницата, колачињата се користат за да го известат серверот дека сте се најавиле и да проверат дали сте овластени за пристап до страницата. Секое колаче има ограничен период на траење, после кој ја губи својата валидност. Колачињата даваат можност да се следат движењата на корисникот од страница до страница во рамките на веб-страницата, па дури и од веб-страница на веб-страница. Колаќињата можат да ја подобрат комуникацијата помеѓу нашиот сервер и вашиот компјутер, со што веб-страницата се користи многу поудобно. Колачињата не само што може да ги доставува операторот на веб-страницата, туку може да бидат и од трети даватели на услуги. Вашиот прелистувач нуди можност за прикажување на колачињата на вашиот компјутер, бришење на постоечките или поставување на конфигурацијата на вашиот комјутер на начин што не сите колачиња се зачувани на вашиот хард диск или воопшто не се зачувани. Земете во предвид дека некои функции (на пр. Најава) нема да работат правилно доколку го оневозможите прифаќањето на колачиња.
Вид и име | Функција | Период на зачувување |
Колаче за сесијата(bc_user) | Ви овозможува да пополните формулари на веб-страната. | До истекот на сесијата |
Колаче за сесијата(brestfeedingnote) | Спречува повторно појавување на известувањето за доење за време на посетата на веб-страницата, доколку корисникот посочил дека повеќе не сака да се прикажува. | До истекот на сесијата |
Колаче за сесијата(footerBar-hidden) | Спречува повторно појавување на подножјето за време на посетата на веб-страницата, доколку корисникот го исклучил. | До истекот на сесијата |
Трајно колаче (cookie-disclaimer) | Спречува повторно појавување на известувањето за колаче за време на посетата на веб-страницата, ако корисниокот го затворил. | До една година |
Трајно колаче(et_oi_v2) | Ја зачувува одземената или обновена согласност на корисникот за следење со etracker. | До 50 години |
Напомена | Законска основа за соодветна обработка на вашите податоци е Чл.6 (1) f) GDPR (балансирање на интереси, базирано на нашиот легитимен интерес за обезбедување на корисниците на нашата веб-страна со привлечна содржина и функционални сервиси). |
1.2.3 етракер
hipp.mk и сродните под-страници користат технологија која ја нуди etracker GmbH (“etracker”) за собирање и зачувување на податоци да се подобри веб сервисот. Овие податоци исто така може да се користат за создавање на кориснички профили под псевдоним. Поради тоа може да се користат колачиња. Колачињата се мали текстуални датотеки кои се зачувани во локалната меморија за прелистувачи на посетителот на веб-страната. Колачињата овозможуваат препознавање на Интернет прелистувачот на посетителот. Податоците собрани со технологијата на etracker нема да се користат за утврдување на личниот идентитет на посетителот на веб-страницата и нема да бидат поврзувани со личните податоци на лицето кое се повикува под псевдоним, освен ако личноста претходно не дала согласност за истото. Собирањето и чувањето на податоците може да се укине во било кое време по однос на идните услуги:
Не го гледате копчето? Ве молиме деактивирајте го вашиот блокатор на реклами и вчитајте ја оваа веб-страна повторно.
Законска основа за соодветна обработка на вашите податоци е Чл.6 (1) f) GDPR (балансирање на интереси, базирано на нашиот легитимен интерес за обезбедување на корисниците на нашата веб-страна со привлечна содржина и функционални сервиси).
2. Индивидуални услуги
2.1 Контакт формулар
Нашата веб страница содржи и контакт формулар, кој ви овозможува да стапите во контакт со нас, доколку сакате индивидуално да ви одговориме на некое од вашите прашања. Во тој случај, ќе го зачуваме вашето име и презиме и вашата email адреса за да можеме да стапиме во контакт со вас. Доколку ни оставите и телефонски број, ќе ни биде задоволство да ве контактираме телефонски и да одговориме на вашите прашања.
Сите податоци се користат ексклузивно за одговарање на вашето прашање, нема да се користат понатаму за продажни или промотивни цели.
Со задоволство би ве информирале за сите сочувани податоци кои се поврзани со вас. За понатамошни детали, ве молиме прочитајте го делот “Информации и Контакт”.
Законска основа за соодветна обработка на вашите податоци е Чл.6 (1) f) GDPR (балансирање на интереси, базирано на нашиот легитимен интерес за обезбедување на корисниците на нашата веб-страна со привлечна содржина и функционални сервиси).
3. Социјални медиуми
Нашата страница на социјалните медиуми (Facebook, Instagram) исто така ви нуди широки можности за лична поддршка и можност да останете во контакт со нас. Овие услуги од социјалните медиуми исто така собираат лични податоци, на пр. за профилот кој што го имате креирано или преку таканаречени додатоци кои се имплементирани од веб страници на трети страни.
Доколку ни испратите барање, користејќи една од платформите на социјалните медиуми, барањето ќе биде испратено до одговорниот оддел. Податоците ќе се користат ексклузивно за да се одговори на вашето барање и нема да се препраќаат на трети лица.
За да можете да стапите во контакт со нас преку социјалните медиуми, прво мора да се регистрирате во овие услуги. За оваа цел, компаниите кои стојат зад услугите ќе запишат, чуваат и користат лични податоци доколку е потребно. Ние немаме никакво влијание врз природата, обемот и обработката на ваквите податоци. Ова исто така важи и за какви било магирани / видеоснимки поставени на социјалните медиуми. Имајте предвид дека правата може да се пренесат на услугите на социјалните медиуми. Деталите ќе ги најдете во условите за користење и политиката на приватност на соодветниот давател на услуги.
Ова се сервисите кои ги даваат компании со седиште во САД:
Facebook Inc. (1601 S. California Ave, Palo Alto, CA 94304, USA)
Google Inc. (1600 Amphitheatre Parkway, Mountain View, CA 94043, USA)
Ако отворите веб-страна што припаѓа на нашата веб-страна и содржи таков додаток, Вашиот прелистувач ќе воспостави директна врска со серверите на соодветните претпријатија. Содржината на тој додаток се пренесува директно до Вашиот прелистувач и се интегрира во веб-страницата. Затоа, немаме никакво влијание врз обемот на податоците што ги запишуваат претпријатијата со помош на таквите додатоци. Информациите што Ви ги обезбедуваме се засноваат на нашето сегашно знаење:
Со интегрирање на додатоци, соодветните компании добиваат информации дека сте пристапиле до одредени страници од нашата Интернет понуда. Ако веќе сте најавени во едно од гореспоменатите претпријатија, овие можат да ја закажат Вашата посета на соодветната сметка што сте ја создале со нив. Ако комуницирате со помош на додатоци, Вашиот прелистувач ќе ги испрати релевантните информации директно до соодветната компанија каде што се зачувани. Во случај да немате корисничка сметка со која било од гореспоменатите компании, сепак постои можност тие да станат свесни за вашата IP адреса и да ја зачуваат.
Не е исклучено дека секој посетител на нашата веб-страна се детектира од страна на гореспоменатите претпријатија врз основа на неговата IP адреса и пристапната URL адреса, дури и кога посетителот не кликнал на додатоците или не е регистиран со корисничка сметка.
За да дознаете повеќе за целта и обемот на собирање на податоци, понатамошната обработка и користењето на податоците од страна на овие претпријатија и Вашите права и можности во врска со тоа кои поставки ја заштитуваат Вашата сфера на приватност, Ве молиме погледнете ги политиките за приватност обезбедени од :
Facebook: http://www.facebook.com/policy.php
4. HiPP детска апликација/HiPPiS апликација
Во HiPP детската апликација, животните на HiPPiS се среќаваат со децата и родителите во различни едукативни игри и три возбудливи приказни. Апликацијата е јасно структурирана и едноставна за употреба и нуди вкупно осум различни едукативни игри, обезбедувајќи им на децата забава и разновидност и охрабрувајќи го развојот на когнитивните вештини на разигран начин. Без разлика дали станува збор за учење на бои или броеви, погодување животни звуци или правење загатки - игрите се соодветни за мали деца, со пет различни нивоа на тежина. Информации за детската апликација HiPP може да најдете тука.
Правната основа за обработка на податоците поврзани со ова е чл. 6 (1) б) GDPR (извршување на договорот или чекори пред склучување договор).
За да ја подобриме понудата на апликацијата, ние користиме Google Analytics (вклучително и Google Analytics за Firebase), веб-аналитичка услуга обезбедена од Google Inc. („Google“). Google Analytics користи „колачиња“, кои се текстуални датотеки поставени на Вашиот паметен телефон, за да помогнат на веб-страницата да анализира како ја користите страницата. Информациите генерирани од колачето за Вашата употреба на оваа веб-страница нормално ќе бидат пренесувани и зачувани од Google на сервер во САД. Анонимизацијата на IP во оваа апликација е овозможена така што IP адресата на корисникот ќе биде скратена и затоа ќе биде анонимизирана од Google претходно во рамките на земјите-членки на Европската унија или во други држави потписнички на Договорот за Европската економска област. Само во исклучителни случаи, целосната IP адреса ќе биде пренесена до Google за складирање на сервер во САД и скратена таму.
Во моментов не постои одлука од комисијата на ЕУ дека САД воопшто обезбедуваат соодветно ниво на заштита на приватноста на податоците.
Google сепак се обврза да се придржува на Договорот за заштита на приватност помеѓу САД и ЕУ, за обработка на лични податоци од земјите членки на ЕУ, објавен од Министерството за трговија на САД.
Повеќе информации може да најдете тука: https://policies.google.com/privacy/frameworks?hl=en&gl=en.
Дополнителни информации за заштита на податоци на Google може да се најдат на https://policies.google.com/privacy?gl=en.
Повеќе информации, особено за собирањето на податоците со Google Analytics за Firebase, може да најдете тука:
https://support.google.com/firebase/answer/6318039?hl=en
Во име на операторот на оваа апликација, Google ќе ги користи овие информации за евалуација на Вашето користење на апликацијата, извештаи за активностите на веб страната, и други информации за операторот на веб страната поврзани со неговата употреба. Google нема да ја поврзе вашата IP адреса пренесена од вашиот паметен телефон во контекст на Google Analytics со сите други податоци што ги држи Google. Може да одбиете употреба на колачиња со избирање соодветни поставки на вашиот прелистувач; сепак, ве молиме, забележете дека ако го направите ова, можеби нема да можете да ја користите целосната функционалност на оваа апликација. Вие исто така може да спречите стекнување на податоци во врска со Вашата употреба на апликацијата (вклучително и вашата IP адреса) генерирани од колачињата и обработка на таквите податоци од Google:
Поставка за заштита на податоци за паметни телефони со IOS оперативен систем
Ако имате паметен телефон што работи на iOS, отворете ги поставките за паметниот телефон, изберете ја иконата HiPP детска апликација, одете во „Следење“ и поместете ја лизгачката лента во „Исклучено“.
Поставка за заштита на податоци за паметни телефони со Android оперативен систем
Ако имате паметен телефон што работи на оперативен систем Андроид, отворете ги поставките во рамките на апликацијата и поставете го прекинувачот на „Дијагноза и напојување“ на „Исклучено“.
Правната основа за обработка на вашите податоци поврзани со Google Analytics е чл. 6 (1) ѓ) GDPR (балансирање на интереси, засновано врз нашиот легитимен интерес за статистичка компилација на податоци за употребата на нашата апликација и можноста да ја подобриме.
5. Период на чување
Личните податоци ги чуваме само онолку колку што е потребно за да се постигнат целите наведени овде и онолку колку што е законски дозволено.
6. Вашите права
На Ваше барање, ќе Ви кажеме дали и кои (доколку е применливо) податоци за Вас сме ги зачувале. Доколку се исполнети законските услови, имате право на исправка, блокирање или бришење на овие податоци.
Покрај тоа, имате право да ги примате податоците што важат за Вас и кои ни ги доставивте, во структурирана, заедничка и машински читлива форма од нас; можете да ги пренесете (или да ги пренесете во Ваше име) овие податоци на други органи.
Вие исто така имате право да поднесете жалба до регулаторниот орган одговорен за заштита на податоците.
Доколку не сте (или веќе не) во позиција да донесувате одлуки во врска со Вашите лични податоци, ние ветуваме дека секогаш ќе ги почитуваме Вашите упатства и Вашата волја во овој поглед.
7. Контакт
Одговорно лице за заштита на податоци во HiPP групацијата:
Mr. A. Maier
E-Mail: datenschutz-team@ hipp.de
Georg-Hipp-Straße 7
85276 Pfaffenhofen