За предноста и недостатокот од користење на цуцлите сеуште се дебатира и се предмет на многу студии. Користењето на цуцлите секако има свои предности но и недостатоци. Цуцлите им помагаат на бебињата да се успијат и да се смират во текот на попладневното и ноќното спиење. Повеќето бебиња наоѓаат начин да си помогнат на себеси кога станува збор за цицање, на пр. ќе почнат да го цицаат палчето или пак ќошето од ќебенцето, затоа е подобро да им се понуди цуцла.
Од друга страна, цуцлата има репутација дека пречи на развојот на вилицата. Меѓутоа во поново време, многу од цуцлите се дизајнирани во соработка со стоматолози и ортодонти со цел да се обезбеди анатомски облик на цуцлата кој нема да влијае на развојот на вилицата, и да е безбедна за користење како предмет за смирување во текот на првите години.