HiPP упатсва за одржливост

Заштита на околината и сите живи суштества

Скалата на нашиот секојдневен бизнис

HIPP долго време е инволвиран во управувањето со одржливоста. Остваривме многу цели - вклучувајќи органско производство, CO2 неутрално производство, примерна пресметка на отпадот CO2, отпечатоци за производи, сеопфатно рециклирање, редукција на употребата на енергија и изворите на струја, вода, отпад, затоплување, мерки за биолошката разновидност и CSR и во 2009 составен систем за управување со одржливоста. Упатствата за животната средина кои ги создадовме во 1995 година за континуирано подобрување на заштитата на животната средина на компанијата се проширија за да ги вклучат и упатсtвата за одржливост.

1Со употребата на технологии кои се пријателски на животната средина, HiPP ја минимизира штетата.
2Континуирано го мониторираме, документираме и проценуваме влијанието на компанијата врз животната средина. Евентуалните подобрувања се имплементираат во економски прифатливи параметри.
3Имаме за цел да го задржиме на минимум оптоварувањето на околината со нови задачи, продукти и техники. Затоа секогаш го проценуваме потенцијалното влијание врз околината.
4Наша цел е да ги штедиме ресурсите. Имајќи го ова на ум, приоритет даваме на обновливите извори во однос на конечните.
5Како најголем преработувач на еколошки произведени суровини на светско ниво, ние сме обврзани за континуирано зголемување на количината на суровините.
6За планирање на пакувањето, предвидуваме дека количината на материјал за пакување би требало да се држи на минимум, да се употребува максимално можно големо количество на секундарните и рециклираните материјали и ги охрабруваме алтернативите како системите за депозит и поврат.
7Заштитата на животната средина во компанијата може да функционира само ако се вклучени и вработените. Затоа ние ја охрабруваме свеста за одржливост на нашите вработени со спроведување информации, обуки и редовно потсетување.
8Континурано ги информираме потрошувачите за тоа како производите на HiPP се користат на начин пријателски за животната средина.
9Јавното мислење го земаме многу сериозно. Редовно обезбедуваме информации за проектите за заштитата на животната средина и правиме особени напори да одговориме на повратните информации на јавноста секогаш кога тоа е возможно.
10Ние сме во постојан контакт со властите со цел да го намалиме нашето влијание врз животната средина.
11Со нашиот сеопфатен систем за управување со грешки, го минимизираме ризикот од несреќи и штетни ефекти на луѓето врз природата.
12Системите за контрола гарантираат дека нашите цели за заштита на животната средина се остваруваат и ние секогаш се стремиме да ги проверуваме новите информации и ако е потребно да ги промениме нашите цели.
13Во HiPP се почитуваат човековите права како забраната за злоупотреба на детски труд и присилена работа, дискриминација, казнување, принудување и корупција.
14Во HiPP е дозволена едукацијата и/или членство во синдикатот. Платите, пркувремената работа и социјалните придобивки се во согласност со законските минимални стандарди, со цел да се обезбедат основните потреби и достапен приход на вработените.
15Ги гарантираме соодветните национални законски мерки за безбедност при работа, здравствена и заштита на работната средина и поддршка за континуирано подобрување на условите за работа.
16HiPP е компанија која ја поддржува заштитата на биолошката разновидност и создавањето на одржлива иднина во која вреди да се живее.
17Добавувачите и давателите на услуги се исто така должни да ги следат нашите насоки во нашата директна сфера на влијание, како и во веригите пред и по снабдувањето (пр. добавувачи, логистика, фирми за отстранување на отпад).