Совети за хранење

Не пробувајте нови храни додека сте на одмор. Кога се на доење, бебињата си ја добиваат вообичаената храна. Кога се поголеми, добра идеа е да ја понесете вообичаената храна со Вас или ако е можно да купите кога ќе стигнете.

  • Испланирајте да имате една месна или зеленчукова каша дневно и доволно за да покриете непланирани инциденти.
  • Идеална закуска меѓу оброци е HiPP Овошје, HiPP Овошје и Житарки или Мусли за Добро утро, бидејки се вкусни и ладни и се освежувачки, посебно во лето, и се лесни за варење. Овошна забава се многу практични кога сте надвор бидејки не е потребна лажичка. 
  • Важно: Течности! Употребувајте минерална вода која е посебно наменета за бебиња (HiPP Бебешка вода). Или користете превриена вода. Чаевите се идеален пијалок за одмор бидејки не зафаќаат простор во багажот. 
  • Исто така размислете за земање на доволна количина на инстант млечни каши и млечна формула.
  • Доколку температурата во хотелот е над 25°C, Ви препорачуваме да ги чувате тегличките во фрижидер.
  • Зовривајте ја секоја вода пред употреба. Дури и ако ја користите само за миење на овошје и зеленчук.