Интервју за HiPP органскиот печат

Денес производството на органска храна е во нагорна линија. Но, дали органската храна е гаранција за здрава исхрана? Од чоколадо до чипс – денес многу продукти се нарекуваат органски ако ги задоволуваат минималните законски побарувања за органска храна.

Проф. Д-р Клаус Хип изврши големо влијание врз органското земјоделство во Германија. Тој би сакал малку подетално да ви ја објасни разликата помеѓу стандардното органско производство и HiPP органскиот квалитет.

Вие имате свој сопствен органски печат. Зошто?

К. Хип: Најпрво, морам да кажам дека тоа доаѓа од долгогодишната традиција. Ние почнавме да го практикуваме органското земјоделство пред повеќе од 50 години. Во тоа време, органското производство воопшто не беше важна тема. Ние одевме против многу препреки и го промовиравме органското земјоделство и бевме целосно убедени во исправноста на истото. Во тој процес, поставивме нови стандарди за квалитетот на бебешката храна. Овие стандарди се земаат во предвид при изборот на почва, садењето и обработката и се присутни во секоја HiPP органска тегличка.

Нели и ЕУ органското лого е доказ за квалитет?

К. Хип: Секако. Регулативата на ЕУ за органско производство е добра работа. Таму е забранета употребата на хемикалии и синтетички распрскувачи и ѓубрива, генетскиот инженеринг кај растенијата, вештачките бои и конзерванси и вештачки ароми и засилувачи на вкусови.

Но дали е сепак неопходно користењето на сопствен Oргански печат?

К. Хип: Апсолутно. Стандардното органско лого е добро и е важно. Но сепак, не го покрива тестирањето на квалитетот на органските продукти кога се веќе готови за берба. Загадувачите во воздухот, почвата од околните соседни полиња можат се’ уште да го контаминираат овошјето и зеленчукот и житарките кои се веќе засадени. Освен тоа, законот дозволува многу мали количини на пестициди во бебешката храна. Тоа не е случај со HiPP. Ние се обидуваме да ја намалиме и таа количина на пестициди минимално дозволена со закон: тоа значи да не дозволиме понатамошна контаминација со примена на тестови за квалитет од највисоко технолошко ниво. Само оние теглички кои ќе ги поминат овие тестови можат да го добијат Органскиот Печат.

HiPP органскиот печат претставува највисок стандард за квалитет. Како е ова возможно да се постигне во денешно време?

К. Хип: Најпрво, ние земаме примероци од почвата за да одредиме дали почвата е соодветна за садење. Ние ексклузивно сме ги закупиле најсоодветните реони за култивација за различни типови на овошје и зеленчук уште пред многу години. Во текот на годините, научивме да го применуваме стекнатото знаење за тоа како да ги ротираме културите. Ние исто така ги поддржуваме органските фармери во процесот на култивација и работиме рамо до рамо со нив. Подоцна, во текот на испораката, ги прифаќаме само оние производи кои ги исполнуваат строгите норми за квалитет и чистота од нашите лабораториски тестови. 

Колку далеку одите со контрола на штетните супстанци?

К. Хип: Ние правиме тестови за откривање на повеќе од 1000 штетни супстанци, што е многу повеќе од она пропишано со закон. Тоа што го купувате во нашите теглички поминува низ 260 тестови за контрола. Ние сме дефинитивно построги од законските прописи. Со нашата осетлива технологија за мерење, ние можеме да детектираме зрно сол во 25 метарски базен за пливање. HiPP доброволно воспостави строги граници за сите до сега познати штетни супстанци и нечистотии. Секако дека најголемата заслуга за квалитетните производи доаѓа од органските фармери: тие ја знаат нашата бескомпромисност што се однесува на чистотата и квалитетот веќе со децении. Ние сме посветени да го обезбедиме најдобриот квалитет од самиот почеток.