Промена на пелени – нашите совети за вас

На секое дете му се менуваат отприлика 4000 пелени се додека не се научи да користи нокшир. Новороденчињата уринираат до 20 пати дневно.

 За да ја совладате секојдневната смена на пелени, еве неколку совети.

Што ви е потребно за промена на пелена:

  • мека крпа, топла вода, хартиена крпа со бебешко масло или влажни марамчиња
  • доколку е потребно, заштитен крем
  • чиста пелена
  • за поголемите бебиња, играчка која ќе му го одвлече вниманието

Како се прави

Просторијата треба да е затоплена. Во зависност од возраста на детето, дајте му соодветна играчка со која ќе му го одвлечете вниманието.

Прво тргнете ја старата пелена. Пред да ја ставите новата пелена, исчистете ја областа на гениталиите со мокра памучна крпа, крпа натопена со масло или влажна марамица. Темелно исушете ја кожата (доколку е потребно, тапкајте ја да се исуши). Особено важно е чистењето после дефекација. Доколку е потребно ставете крем за заштита од црвенило.

Никогаш не го оставајте вашето бебе без надзор додека му менувате пелена.

Совети за девојчиња:

Секогаш бришете од предната кон задната страна, за да не можат ентеробактерии да влезат во вагината.

 Совети за момчиња:

Покријте го пенисот со памучна крпа или пелена, за да го избегнете ненадејното прскање со урина. 

Воспаление – како да се избегне иритација на кожа

Доколку вашето бебе често има воспалено газе, можно е пелената да задржува многу влажност или пак многу малку воздух стигнува до кожата. Нееластичните пелени исто така може да предизвикаат триење во пеленската регија. Влагата од урината или столицата која не е апсорбирана соодветно ја иритира чувствителната бебешка кожа. Бактериите во столицата и елементите во урината може исто така да ја иритираат кожата.

Што помага за да се заштити бебешката кожа?

  • Честа промена на пелените – сувите пелени може да ја намалат иритацијата.
  • Користете апсорбирачки, еластични пелени.
  • Пелената не треба да е премногу стегната. Треба да има простор за вашиот прст помеѓу пелената и стомакот.
  • После чистењето на гениталиите, оставете ја кожата целосно да се исуши, особено во делот на кожните набори за да не се појави воспаление. Нежно тапкајте за да се исуши, немојте да триете и не користете фен.
  • Оставете го бебето колку што е можно подолго без пелена за да може кожата да е изложена на свеж воздух. Вашето бебе ќе ужива во ова!
  • Кремот може да се стави во пеленската регија како превентивна мерка, и на тој начин фекалиите и урината нема да можат да предизвикаат проблем. Кремовите со цинк се идеални како дополнителна заштита од влагата.

Превенцијата е подобра и полесна отколку лекувањето на веќе иритирана кожа. Поради тоа родителите би требало да го знаат “ABCDE” правилото за да ја избегнат појавата на воспаление на бебешкото газе. Значењето на овие букви е следното:

Аir (Воздух): Децата кои не носат пелени немаат воспаление на газето. Оставајте го детето без пелена колку што е можно почесто

Barriers (Бариера): Регенерирање на кожните бариерни функции. Кремот со цинк може да го заштити газето од фекалиите и урината

Cleansing (Чистење): Редовна промена на пелени, чистење и целосно исушување со тапкање.

Diapers (Пелени): Одберете пелени со голема апсорбирачка моќ.

Education (Едукација): Информираност на родителите, со нивното знаење ќе може да направат разлика помеѓу воспалена и невоспалена кожа.

Крем против црвенило и Влажни марамици

Влажните марамици се многу популарни и посебно практични кога сте надвор од дома. Исто така се идеални за чистење на раце и лице. Се препорачуваат марамици без конзерванси – баш како нашите HiPP Babysanft влажни марамици.

Со цел да се заштити кожата од агресивни телесни течности, идеално е да се користи заштитен крем кој превенира иритација. Цинкот е одлична состојка бидејќи штити од иритација и го забрзува процесот на регенерација. Се препорачуваат липофилни креми бидејќи имаат ефект да ја одбиваат водата.