Сите важни хранливи состојки

За време на првите месеци, мајчиното млеко е единствен извор на најважните хранливи состојки кои му требаат на бебето за здрав раст. Токму поради тоа мајката мора да се храни здраво и да има балансирана исхрана. Свежо овошје, зеленчук, полнозрнести производи, и риба барем еднаш неделно се важни со цел да се обезбедат бебињата со витамини, минерали, елементи во трагови, и витални масни киселини.

Според педијатрите, единствено витамин Д и флуорид треба да се даваат дополнително со мајчиното млеко како профилактична мерка. Во случај на недостаток на витамин Д, натрупувањето на калциум во коските е нарушено и тоа може да предизвика проблеми понатаму во животот. Во реоните каде што има помалку сончеви денови во зима и дерматолозите препорачуваат да се избегнува интензивен престој на сонце во текот на летото, бебињата треба секојдневно да примаат витамин Д во текот на првата година од животот.

Исто така се препорачува дополнителен внес на флуор со цел да се намали ризикот од кариес.

LCP (Omega3&6)

LCP ( Омега-3 и 6 ) имаат важна функција во развојот на мозокот, нервниот систем и видот.

LCP масните киселини (или LC-PUFA) се полинезаситени масни киселини. Имаат важна функција во развојот на мозокот, нервниот систем и видот. Најважните LCP масни киселини за здрав развој се арахидонска киселина (АА) и докозахексаноична киселина (DHA). Истите може да се најдат во мајчиното млеко.

Омега-3 се особено важни кај доенчињата за развој на мозочните и нервните клетки. Бидејќи мозокот значително расте и созрева во првите две години од животот, редовното конзумирање на Омега-3 масни киселини е особено важно: 0.5% од дневниот енергетски внес на доенчето треба да е покриено со Омега-3 масни киселини. 

Природни млечно-кисели култури

Мајчиното млеко содржи различни млечно-кисели култури кои помагаат на доенчињата кои се на доење да развијат здрава цревна флора. Мајките ги предаваат заштитните млечно-кисели култури на нивните бебиња преку мајчиното млеко.Природните заштитни култури во мајчиното млеко се населуваат во цревата и може да спречат несакани или штетни бактерии да се разпространат таму. Затоа доените бебиња градат посебен заштитен штит, бидејќи 70% од имуниот систем е во цревната флора.

Диететски влакна во мајчино млеко

Диететските влакна во мајчино млеко (олигосахариди во мајчино млеко) служат како храна за заштитните млечно-кисели култури и затоа придонесуваат за здрава цревна флора. 

Дополнителни вредни заштитни компоненти

Бебињата добиваат дополнителни вредни заштитни компоненти од мајчиното млеко кои допринесуваат за нивниот здрав развој.

 Еве неколку примери:

· Антитела (имуноглобулини) или лизозими: имаат директен ефект на бактериите

· Антиоксиданти и различни медиатори: помагаат во борба со инфекциите

· Лактоферин: му помага на телото да го апсорбира железото и е ефективен против бактериите

· Не се познати сите функции на некои од компонентите на мајчиното млеко

· Многу други компоненти сеуште не се воопшто проучени