Како да подготвите млечна формула во шише

Почетната млечна формула им ги обезбедува на бебињата кои не се или пак се делумно на доење, сите хранливи состојки кои им се потребни во текот на оваа клучна фаза од развојот.

Повремено или постојано хранење на вашето бебе со млечна форлула не значи помалку љубов или внимание. Напротив: бебето го држите во раце во позиција како да го доите и постојано одржувате очен контакт додека се храни. Вашето дете нема да биде само сито, туку и среќно и задоволно.

Подготовка на млечна формула

Следете ги секогаш упатствата на пакувањето при подготовката на млечната формула. Важно е да се придржувате на обележаните мерки за прав и вода на самото пакување, за да му обезбедите на вашето бебе оптимална количина на хранливи материи и лесна сварливост. Бидејќи имуниот систем на бебето сеуште не е доволно зрел, секогаш придржувајте се на основните хигиенски правила: подготвувајте ја млечната формула пред хранење а не однапред. Вашите раце, мерилката како и сите делови од шишето мора да бидат чисти и суви. Секогаш користете претходно превриена вода кога подготвувате млечна формула.

Не премногу топла, и не премногу студена

Кога го храните вашето бебе, температурата на млечната формула не треба да биде повисока од 37°C (телесна температура). За да проверите дали е добра температурата, капнете неколку капки на китката од раката: течноста треба да биде топла, не жешка. Количината која ќе ја испие вашето дете ќе варира во зависност од апетитот и периодот од денот. Дозволете му на бебето да пие додека да се засити. Исфрлете се што не испило бебето, еднаш веќе подготвен оброк не смее да се користи повторно.

Чисти заби, здрави бебиња

После секое хранење, сите делови од шишето мора да се измијат темелно. Цуцлата од шишето треба да редовно да се зоврива. При подготовка на формулата, секогаш користете ја мерилката која е во пакувањето. Нема потреба да ја измивате или да ја стерилизирате. После користење, едноставно само избришете ја мерилката со чиста кујнска крпа и чувајте ја на чисто и суво место надвор од кутијата.

Имате ли дополнителни прашања?

Ве молиме контактирајте не од понеделник до петок од 8:30 до 15:30 на:
Телефон: 02/3112 525
Емаил: contact(at)@mailhipp.com(dot).mk
или преку нашата
Контакт форма