Контрола на квалитет

И покрај тоа што ние користиме внимателно избрани состојки за нашите производи, најдобриот начин за обезбедување оптимален квалитет се строгите контроли.

Повеќе од 260 проверки

Најдобар начин да бидеме сигурни во оптималниот квалитет е да правиме строги проверки

Содржината на секоја тегличка поминува низ 260 проверки, почнувајќи од анализа на почвата, суровините и контрола на готовиот производ. Откако ќе се испорачаат суровините, нашите вработени ги проверуваат и само совршените продукти се одобрени за понатамошна обработка.

Лабораторијата на HiPP - пример за лабораторија во Европа

Лабораторијата на HiPP има толкава сензитивност што може да открие сол во пливачки базен од 25 метри големина.

За контрола на суровините, продуктите и готовите производи, во нашата лабораторија се користат најсовремените методи за анализа. Нашата компанија ја има една од најдобрите акредитирани лаборатории во Европа која може да направи анализа на повеќе од 1200 параметри. Со примена на сите овие постапки, HiPP овозможува врвен квалитет на своите производи. Строгите контроли за квалитет и откривањето на скоро невидливи состојки во производите кои ги обработуваме, се суштинскиот елемент од HiPP филозофијата за тоа што треба да значи квалитет.