Органско млеко

Од каде доаѓа HiPP органското млеко што се употребува во млечните формули?

HiPP користи исклучиво млеко од фарми кои во целост ги исполнуваат условите за органско земјоделство.

Кравите се чуваат во соодветни услови, тие пасат на природни пасишта каде не се користат вештачки ѓубрива и хемикалии како и синтетички агенси.

Природната трева, сено и житарките кои ги јадат, всушност го обезбедуваат органскиот квалитет на млекото кое е богато со хранливи материи. Поради ова, HiPP млекото од кое се прават млечните формули станува исклучително вредна храна за бебињата.

HiPP органското млеко поминува низ најстроги контроли за квалитет од независни институции за сертифицирање.

HiPP органското млеко поминува низ најстроги контроли за квалитет од независни институции за сертифицирање. Понатаму, HiPP ги контролира своите производи за содржината на многу различни физички и хемиски параметри во количини многу построги од оние предвидени со закон. Само така можеме да бидеме сигурни дека вашето бебе го добива најквалитетното органско млеко.