Мени

План за исхрана: Од 7 месец *

Мајчино млеко – се додека Вие и Вашето бебе сакате

* Започнете со дополнителна исхрана  според развојот на Вашето бебе и почнете после 4 месеци најрано и после 6 месец најдоцна.

На оваа возраст некои бебиња ги добиваат првите заби. Можат и подобро да го движат јазикот и целата уста. Храната сега може да содржи и мали парчиња за постепено да се навикнува бебето на покрупна храна. 

Рано наутро: Наутро, мајчиното млеко или млечната формула сеуште може да се дава. Доете го бебето или припремете HiPP 2 последователна формула. Последователната млечна формула е адаптирана на посебните потреби на постари бебиња и го снабдува бебето со сите важни хранливи состојки кои се потребни како додаток на дохраната. 

Подоцна наутро: Подоцна наутро можете да продолжете со доење или дајте му HiPP 2 последователна формула. Ако бебето е многу гладно, можете да понудите дополнително житно-овошна каша припремена или од Вас или од HiPP – Овошје и Житарици во тегличка.

За ручек: Од 8 месец можете да му понудите оброци за 8 месеци. Тие оброци содржат мали парчиња за да го охрабрат бебето да џвака. Учењето да се џвака е важно за развој и за учењето да се зборува.  Порциите се поголеми за оваа возрасна група, бидејки на бебето сега му треба повеќе за да биде сито. 

Во попладнето: За попладне идеална е житно-овошна каша. Нови овошни вариетети обезбедуваат уште повеќе вкусови. Можете сами да измешате каша со користење на HiPP Органска Житна Каша и HiPP Овошје. Упатство за тоа можете да најдете на паковањето на HiPP Органските Житни каши. За промена, можете да му дадете на бебето HiPP Овошје и Јогурт. 

Како грицки можете да давате HiPP Бисквити кои се достапни од 6 месеци.  Тие се идеални за ужинка меѓу оброците и охрабруваат џвакање и јакнење на мускулите од вилиците. 

За вечера: Има разни видови на млечни каши.

Пијалоци: Најдоцна со третиот оброк од дохрана, нешто за пиење треба да се нуди со секој оброк. Вода, незасладени чаеви и растворени овошни сокови се најдобри за згаснување на жедта. Осигурајте се дека жедта се згаснува набрзина и шишето не се користи за постојано шмукање.

 

Често поставувани прашања

Моето бебе сеуште нема заби. Дали сепак може да јаде оброци со парчиња?
Да, бидејќи парчињата се многу мали и бебињата можат да ги смачкаат со непцата и јазикот. 

Моето бебе не сака цврста храна. Што можам да направам?
Продолжете да ја давате вообичаената храна и понудете храна со парчиња по неколку дена повторно. 

Колку голема да биде порцијата?
Нашите теглички од 8 месеци доаѓаат во порција соодветна за возраста, која е доволно за најголем дел од децата. Но, има деца кои јадат малку повеќе или кои се заситуваат со помалку. Апсолутно нормално е апетитот на бебето да покажува флуктуации. 

 

Совети за здрави заби:

Спроведувајте дентална нега од првото запче

Не давајте повеќе храна или само вода или незасладен чај после миење на забите

Никогаш не му го оставајте шишето со млечна формула или чај како замена за цуцла, помош за спиење или за постојано шмукање

Секогаш Вие држете го шишето и дозволете бебето брзо да ја згасне жедта

Учете го бебето од 8 месеци да пие од чаша

За да ја најдете правилната HiPP група производи, барајте ги следниве бои на полиците:

Пребарување на производи за Дополнителна исхрана