Мени

Од каде доаѓаат нашите органски бадеми? Каде и како се одгледуваат?

Првобитно диворастечките бадемови дрвја биле карактеристични за Медитеранот, и долго време биле култивирани. Бадемите кои HiPP ги користи за добивање на бадемово масло доаѓаат од Шпанија. Нашите бадемови дрва растат на Шпанскиот медитерански брег, “Costa Blanca” во регионот Аликанте, каде климата е совршена за нив. Бадемовите дрва се органски одгледани (според регулативата на ЕУ за Органско Земјоделие 834/2007/EU).

Како се добива нашето органско бадемово масло?

Нашето органско бадемово масло се добива од зрели, слатки бадеми – “pinchados”. Во Шпанија, жетвата на бадеми се одвива во август, и потоа бадемите се транспортираат во Германија. Се одбираат само плодовите со најдобар квалитет, ладно се пресуваат  и потоа се филтрираат. Пресувањето се врши машински. Несаканите протеински елементи се одделуваат во процесот на филтрирање. Само овој процес на чистење може да го гарантира постојаниот квалитет на производот и безбедноста. 

Зашто органското бадемово масло е со толку висок квалитет?

Бадемовото масло е едно од најмногу ценетите и најскапите масла за нега на кожа. Содржината на масло во бадемите е помеѓу 50 и 55%. Бадемовото масло е светло жолтеникаво, доста ретко и има карактеристично благ мирис и вкус. Поради својот состав, бадемовото масло припаѓа меѓу најценетите масла за нега на кожа и има многу хранливи својства: бадемовото масло е природно богато со соодветни за кожата, моно- и ди- незаситени масни киселини (>90%) кои особено добро ја хранат и заштитуваат кожата. Процентот на олеинска киселина (~70%) е особено висок во бадемовото масло, проследен од линолеинска киселина (>20%) која ја активира кожата. Гама-линоленската киселина има особено позитивен ефект на сувата кожа. Бадемовото масло исто така содржи природен витамин Е (токоферол), кој е антиоксидант (против слободните радикали) и на тој начин ја заштитува кожата од надворешни влијанија.

Зошто органското бадемово масло е толку соодветно за нега на бебешката кожа?

Бадемовото масло е со докажана ефективност во козметиката со векови, и било познато со неговите својства за нега низ историјата. Веќе се докажало како особено ефикасно за нега на бебешка кожа и особено добро се толерира од чувствителна и сува кожа. Бадемовото масло е неспоредливо благо и не иритира. Поради комбинацијата од неговите хранливи својства и посебната мекост патронажните сестри многу често го препорачуваат за нега на бебешката кожа. Совршено е и како масло за масажа, правејќи ја кожата пријатно мека и нежна.