Развој на говор и јазик

Овде Ве снабдуваме со преглед на фазите од говорот на Вашето бебе и развој на јазикот.

Внимание: развојот на говор и јазик е многу различен кај секое дете. Датите се само општи референтни точки. Ако имате некаков сомнеж во врска со развојот на Вашето бебе, Ве молиме консултирајте се со Вашиот педијатар.

Возраст (прибл.) Разбирливост на говор Развој на говор и јазик
0-1 месец Од звукот на Вашиот глас Вашето бебе може да го препознае Вашето расположение Плачење
2-3 месеци   Цивкање, гугање
Од 3 месеци Вашето бебе „одговара“ кога му зборувате Смеење, пробување звуци со звучни гласови, цивкање, шептење
7-9 месеци Може да разликува помеѓу различни видови на реченици(прашање, барање, итн); Вашето дете одговара со различни тонови и звуци Муабетење, синџири со слогови, дуплирање на слогови „да-да“
9-13 месеци Детето разбира едноставни барања („подај ми ја колата“); ја тресе главата за „не“ Први зборови, дуплирање на слогови со значење: „мама“, „тата“
8-20 месеци   Речник од 50-200 зборови
20-24 месеци   Реченици од 2 збора „Петар уморен“
2½ години   Неформирани реченици со повеќе зборови; себе-нарекување со „јас“
3 години Детето може да следи кратка приказна Силно зголемување на речникот. Втора возраст на прашување (кој, како, што, зошто)
4 години   Сите звуци ги изговара правилно (исклучок с, ш,ж, р и л)

Можете да му помогнете на Вашето дете во развојот на говор и јазик со зборување со него  секогаш кога можете. Раскажувајте приказни, гледајте книги со слики заедно и зборувајте за тоа што го гледате и слушате заедно, и што правите.  Слушајте активно и секогаш дозволувајте му да ја завршува реченицата. 

Одговорете на сите прашања на детето, дури и тогаш кога изгледа дека немаат крај. Не го корегирајте детето кога нешто изговара погрешно, наместо тоа повторувајте ја точната реченица почесто. („Топката скишена“ – „Да, топката е скршена“)