Бидете сигурни дека внесувате доволно течности

На вашето тело му се потребни многу течности

Бидете сигурни дека пиете доволно течности, бидејќи посебно во текот на бременоста,  на вашето тело му е потребна вода не само заради транспортот на материи, туку и заради формирањето на дополнителна количина на крв и амнионска течност, како и за потребите на бебето. Идеален пијалок би била минералната вода, овошни сокови помешани со вода, сокови од зеленчук, овошје и хербални чаеви.

Храна која треба да се избегнува

Бремените жени треба да избегнуваат да пијат чисти овошни сокови и газирани пијалоци, бидејќи тие содржат многу шеќер и непотребни калории. Секако треба да се избегнува пиење на било каков алкохол, заради вашето здравје и здравјето на вашето бебе.

Консумирањето на кафе и црн чај треба да биде редуцирано на максимум 2-3 чашки во денот, бидејќи многу кофеин може да доведе до несакани ефекти кај мајката и бебето. Подобро е да се пие  кафе без кофеин или вкусни хербални чаеви.

Дури и ако не сте жедни, потребни ви се течности

Некои корисни совети за тие што не можат да пијат многу течности: пијте ги течностите што ги сакате во редовни интервали во текот на денот; на пример, тоа нека ви биде прва работа наутро, во текот на паузата за одмор и во текот на вечерта. Пиењето е едноставно работа на тренинг – луѓето често забораваат да го направат  тоа.

Дури и ако не сте жедни, ви требаат течности. Поради таа причина, секогаш имајте шише со минерална вода или термос со чај при рака, дали на вашата работна маса или пак на кујнската маса. Исто така не заборaвајте дека потребата за течности ќе ви биде зголемена во текот на доењето.

Потреба за течности

  Жени кои не се бремени Бремени жени Жени кои дојат
Пијалаци 1410 ml 1470 ml 1710 ml
Цврста храна 860 ml 890 ml 1000 ml
Вкупно 2270 ml 2360 ml 2710 ml
Зголемени побарувања   +90 ml +440 ml