Хранење со шише – Како да го направиме вкусно!

Во текот на првите неколку месеци, млечните формули ги снабдуваат со сите важни хранливи материи бебињата кои не се доени или се делумно доени. Освен правилната подготовка на формулата, вашата љубов и грижа, исто така се одлучувачки за здравиот развој на вашето бебе. 

Бебињата кои целосно или делумно се дохрануваат со млечна формула не значи дека добиваат помалку љубов или наклонетост. Токму спротивното: држете го бебето во раце, исто како што би го држеле кога се дои и обидете се да одржите очен контакт. На овој начин вашето бебе не само што ќе биде исполнето, туку и среќно.

Оптимална подготовка

При подготовка на млечната формула, ве молиме внимателно следете ги инструкциите на пакувањето. Со цел да се обезбеди добра сварливост и точна снабденост со хранливи материи важно е да се придружувате на наведените количини на прашок и вода. Бидејќи имунолошкиот систем на вашето бебе сеуште треба да созрева, треба да следите некои хигиенски правила: подготвувајте ги оброците непосредно пред јадење а не пред време. Рацете, мерната лажичка и сите делови од шишето мора да бидат апсолутно чисти и суви. Водата со која ја подготвувате формулата секогаш треба да е превриена.

Уживање во млекото на вистинската температура

Кога го дохранувате вашето бебе, шишето не треба да е потопло од 37°C (телесна температура). Ставањето на неколку капки во внатрешноста од зглобот на раката е добар тест: млекото треба да се чувствува топло, но не и врело. Количината која бебињата ја пијат зависи од нивниот апетит и периодот од денот. Овозможете му на вашето бебе да пие онолку колку што му е потребно за да се засити. Остатокот од неиспиеното млеко не го чувајте. Ве молиме исфрлете го, остатокот не смее да се користи повторно.

Чисти заби, здрави деца

Сите делови од шишето и цуцлата мора да се темелно исплакнати и чисти по секој оброк. Гумените цуцли постојано треба да се варат (не е задолжително кај силиконските цуцли). Ве молиме користете ја приложената мерна лажичка која се наоѓа во пакувањето. Таа не мора да се измива и да се стерилизира. Само избришете ја со чисто парче хартија и осигурете се дека кутијата ја чувате на чисто и суво место.