План за исхрана: Од 4 месеци до 6 месец

Мајчино млеко – се додека Вие и Вашето бебе сакате

* Започнете со дополнителна исхрана  според развојот на Вашето бебе и почнете после 4 месеци најрано и после 6 месец најдоцна.

Правилно време за почнување со дополнителна храна

Дополнителна храна треба да му се даде на бебињата кон крајот на 4 месец најрано и после 6 месец најдоцна*. Некои бебиња околу 4 и 5 месец веќе не се задоволни само со мајчино млеко или млечна формула и имаат потреба од дополнителна храна за здрав раст. Исто така, има бебиња кои совршено напредуваат на мајчино млеко или млечна формула до крајот на 6 месец и дури тогаш се спремни за дополнителна храна. Одлуката за почеток со дополнителна храна треба секогаш да се прави според развојот на Вашето дете. Дали Вашето бебе веќе не е доволно сито само со мајчино млеко или млечна формула? Дали Вашето бебе само ја држи главата и покажува интерес за нови храни и лажица? Во тој случај можете да започнете со дохрана. Доколку не сте сигурни, прашајте го Вашиот педијатар за совет. 

Ако Вашето бебе на почеток ги плука првите лажици кашичка, бидете трпеливи. Треба  да научи како да ја голта храната. Затоа треба на почеток да му давате само неколку лажици од дохрана, за да има доволно време да се запознае со новиот начин на исхрана, новите вкусови и импресии. 

*Препорака од Нутритивниот Комитет на ESPGHAN, 2008 (Европско здружение за Педијатриска Гастроентерологија, Хепатологија и Исхрана)

 

 

Зошто е дополнителната храна толку многу важна за Вашето бебе?

Со зголемениот раст, мајчиното млеко или млечните формули самостојно не се доволни да го снабдат бебето со сите хранливи состојки и енергија која му треба. Новите развојни фази се важни и цврстата храна ја вежба устата и мускулите на лицето. И конечно, со воведување на дохрана, бебето се запознава со различни вкусови, што е важно за понатамошниот развој на бебето. 

 

Како да започнам со дополнителна исхрана?

Посебните млечни оброци во текот на денот постепено ќе се заменат со дохрана во следните недели и месеци. Започнуваме во време за ручек, продолжуваме со вечерите и на крај во попладнето. Наутро, бебето ќе го добива вообичаениот млечен оброк.

HiPP го олеснува почетокот со дополнителна храна колку што е можно. За првите лажици, има разни HiPP зеленчуци со само неколку состојки кои се многу лесни за дигестија. 

 

Првата кашичка

Почнете со 4 до 6 мали лажици пасиран зеленчук за време на ручек (на пр. Беби морков, Беби тиква, Бел морков и тн. ). После тоа, ќе го добие вообичаеното мајчино млеко или млечна формула за да се чувствува сито. Можете да ја зголемувате количината на зеленчук со неколку лажици секој ден. Бидете трпеливи, дури и ако бебето одбива да јаде зеленчук на почеток. Обидете се повторно во наредните денови. Ви препорачуваме воопшто да не се брзате. После неколку дена можете за промена да понудите нов вид на зеленчук (Беби морков, Беби тиква, Бел морков и сл.). Проширете го менито после тоа со компири-на пример Морков со Компир, Пашканат со Компир или Тиква со Компир. Ако сакате, можете да воведете топол оброк за вечера доколку подобро одговара на Вашиот дневен ритам. 

Ако се оди добро со зеленчуци, после третата недела можете да преминете на нареден чекор и да му дадете комплетен оброк. HiPP нуди каши од зеленчук и место во многу видови како HiPP оброци. Кога Вашето дете јаде цел оброк за време на ручек, го заменивте првиот млечен оброк со дополнителна храна. 

 

Совети за почеток со дополнителна храна:

  • Индивидуални оброци: Можете да креирате индивидуални оброци со комбинирање на HiPP теглички. Едноставно помешајте HiPP зеленчук (околу 100г) со месо (околу 60г).
  • Десер за бебе? За десерт препорачуваме неколку лажици овошје богато со витамин Ц. Витаминот Ц помага за апсорпција на важното железо од зеленчукот во телото.

Совет: затоплете само толку храна колку што бебето би јадело. Остатокот од незатоплената храна чувајте ја во фрижидер и искористете ја наредниот ден. Не користете веќе стоплена храна повторно. 

Важно! Доколку користите микробранова: ве молиме отстранете го капачето и покријте го отворот. Измешајте добро после загревањето, можно е храната да не се загрее подеднакво. Користете само пластични лажици за да не се оштети стаклената тегличка. Проверете ја температурата пред хранење. 

За да ја најдете правилната HiPP група производи, барајте ги следниве бои на полиците: