Кога моето бебе ќе преспива во текот на цела ноќ?

Времето кога бебето почнува да спие во текот на цела ноќ е многу индивидуално. Како родители, најдобар начин да промовирате здрави навики за спиење е да одговарате на специфичните потреби на Вашето бебе. 

Од прилика околу 6 месец, на децата веќе не им треба храна навечер бидејки на оваа возраст ритамот за глад и ситост комплетно се пренесува во текот на денот. Кратки епизоди на будење се нормални. Идеално, бебето брзо ќе презаспие само. 

Има многу причини поради кои се будат бебињата

Не заборавајте дека будење и плачење во текот на ноќта може да биде од многу причини. Освен глад, жед или полна пелена има и други причини како излегување на заби, скок во раст, инфекции или последица на напорен ден. Сите овие можат да предизвикаат да има промени во навиките за спиење на детето: будење, бладање, барање млеко преку доење или шише. Некои бебиња плачат и вриштат ако им треба внимание или само да го испуштат стресот. За жал нема маѓично стапче кое може да направи бебето да спие во текот на целата ноќ. Може да се случи бебе кое одамна спие цела ноќ, да почне да се буди повторно. Ова најчесто е кратка фаза која поминува. 

Важно е да имате секојневни рутини

Важно е да имате секојневдни рутини со редовни оброци, време на спиење и други активности како прошетки надвор. Редовни рутини пред спиење како капење, јадење, читање приказни или приспивни песни секогаш создаваат смирена атмосфера. 

Треба внимание

Не го губете трпението ако Вашето бебе не може да развие редовни навики за спиење веднаш/ Нема магичен трик за тоа. Не можете да го контролирате сонот на детето. Но, можете да му помогнете на детето да најде свој ритам и да развива здрави навики за спиење. Не се обесхрабрувајте ако други родители Ви кажуваат дека нивните деца спијат цела ноќ. Дефиницијата на спиење цела ноќ е релативна, бидејќи се користи и за бебиња кои спијат само од полноќ до 5 или 6 сабајле. Родителите со мали деца мора да се спремни да прифатат дека нивниот ноќен сон најчесто ќе биде прекинат во текот на првите 3-4 години.