Добри навики во исхраната – поттикнете ги сега!

Обратете внимание што јаде вашето дете додека е мало. Во раното детство, се поставуваат навиките за долгорочната здрава исхрана кои може да им останат во текот на целиот живот.

Искористете ја можноста да ги проверите вашите навики за јадење и доколку е потребноо променете ги! Како родители вие сте важен пример за вашето дете во нивниот избор на храна и навики за јадење. Обидете се секогаш да јадете заедно со вашето дете: барем еднаш дневно целото семејство треба да се соберат заедно на масата. На децата им е потребно друштво кога јадат и добри примери.

Идеално би било да му нудите вашето дете широк спектар на здрави храни. Разновидна исхрана со здрави состојки осигурува урамнотежен внес на хранливи материи. Дури и ако некои јадења се одбивани на почетокот, важно е тие повторно да се понудат кога детето е опуштено. Практично е да се сите состојки од оброкот на масата, и да го оставите детето да одбере. Правилото е дека нешто треба да се изеде од тоа што е на масата, но детето да си одбере само. На децата им се потребни до 10 “обиди“ пред да прифатат нов оброк и да сакаат да го јадат. Тогаш секако вашето најмило заслужува да го пофалите. 

Јадење – задоволство за децата и за родителите

Веќе кон крајот на првата година, вашето дете може да се научи да јаде самостојно, кога безбедно седи во столче за хранење. Храната која е лесна за фаќање може да ја јадат со нивните прсти. Полека ќе се научи да јаде со лажица. Дајте му на вашето дете прибор за јадење за мали деца, со благо заоблена лажичка и ГОЛЕМО лигавче, бидејќи правењето на неред е дел од учењето. Можда ќе сакате да ги покриете и алиштата и подот.

Дајте му на вашето дете доволно време да игра со неговата храна. На почетокот, храната ќе биде насекаде освен во устата, но тоа е сосема нормално. Бидете трпеливи и помогнете му на вашето дете со покажување, поттикнување и пофалби. Доколку на вашето дете му е доста од обиди можете да му помогнете така што ќе го нахраните и ќе му овозможите на вашиот истражувач да биде сит.