Зошто е толку важно Омега-3 од масло од репка?

Истражувачкиот институт за исхрана на деца посебно препорачува масло од репка во исхраната на бебињата, поради неговата висока содржина на Омега-3, помеѓу другите бенефиции.

Сите знаеме дека најважно за здрав развој на бебињата е љубов и нега од родителите. Само бебиња кои добиваат многу внимание и постојана подршка при откривањето на нивниот мал свет можат да се развијат до својот полн физички и ментален потенцијал. Но, исто така е докажано дека правилен избор на храна и балансирана исхрана е од огромна важност. 

Таканаречените Омега-3 масни киселини добиваат се повеќе внимание. Кај новороденчињата се посебно важни за нормален развој на мозокот и нервните клетки. Во првите две години од животот, мозокот расти необично брзо, па редовен внес на Омега-3 масни киселини е многу важен.

Еден од најдобрите растителни извори на Омега-3 масни киселини е масло од репка. Маслото од репка содржи особено висока содржина на Омега-3 – 10 пати повеќе од маслиново масло, на пример, и поволната структура на масни киселини е многу ефикасна во помагање на телото да ги процесира есенцијалните Омега-3 масни киселини. Позитивен несакан ефект е дека маслото од репка, кога се користи во бебешка храна, не го менува вкусот-што е предност за нашите мали гурмани. 

Од 4 месеци можете да го снабдувате бебето со Омега-3 од органско масло од репка со нашите HiPP зеленчуци и оброци. Уште еднаш HiPP го истакнува своето тврдење да обезбедува најдобра храна за бебиња. Последователните формули на HiPP исто така содржат скапоцени органски Омега-3. Можете да бидете сигурни дека вашето бебе добива се што му е потребно од дополнителната храна произведена за нивната старосна група. 

Едно прашање за Claus Hipp:

Дали можете да гарантирате органски квалитет, и за масло од репка?

Да, секако. Нашата посветеност на органска храна подразбира врвен органски квалитет за сите наши состојки. Истото важи и за маслото од семе од репка. Тоа значи безбедност од генетски инженирано производство, во склоп со регулативата за органско земјоделство. Јас, лично, мислам дека генетски модифицирани состојки не треба да се вклучат во ниедна храна, најмалку во бебешката. 

За ова гарантираме со нашето име.

Кон тегличките со Омега-3:

HiPP Зеленчук

HiPP Оброци