Информација во врска со повлекувањето на HiPP Органски Сок од јаболко

Информација во врска со повлекувањето на HiPP Органски Сок од јаболко 200ml, Производствена серија LA98967 / Рок на траење: 31.10.2023. Број на артикал: АЛ 8012 – У (AL8012 – U).

Pfaffenhofen 23.08.2022

Почитувани потрошувачи,

Би сакале да ве известиме во врска со повлекувањето на следниот производ:

HiPP Органски сок од јаболко 200ml, Производствена серија LA98967 / Рок на траење: 31.10.2023. Број на артикал: АЛ 8012 – У (AL8012 – U).

Причината за повлекување е фактот дека истиот производ, поради присуство на несакани честички е повлечен од пазарот во Република Полска, и затоа со цел да осигураме највисоко ниво на сигурност и квалитет за нашите потрошувачи, одлучивме овој производ да се повлече од пазарот во Република Македонија како мерка за претпазливост. 

Производот можете слободно да го вратите во продажното место од каде што сте го купиле, каде ќе ви бидат вратени пари или ќе ви биде направена замена за друг производ дури и да не ја чувате сметката (оваа можност се однесува исклучиво на горенаведениот производ од конкретната производствена серија со наведениот рок на траење). 

За сите дополнителни информации, можете да не контактирате на тел. бр. 02 3112525 или пак да ни пишете на нашата контакт адреса

Ви се извинуваме за можните непријатности предизвикани со оваа ситуација и ви благодариме на разбирањето.

Ваш HiPP