Дали бебињата веќе имаат потреба од месо?

Месото снабдува со важни состојки за здрав развој. Нутриционистите се согласуваат дека бебиња постари од 6 месеци имаат потреба од месо. Тогаш резервите на железо кои бебињата ги формираат во утробата, се искористени и железото треба да се апсорбира од храната, бидејќи телото не може да го создаде само. 

Што всушност прави железото од месото?

Месото е идеален извор на железо, бидејки железото од месото е лесно расположливо за телото.

Може веќе си го поставувате следното прашање. Зошто железото е важно за здрав раст? Не е можно без него? За бебе, секој недостаток од овој елемент во трагови има влијание врз здравјето на бебето. Железото е состојка на црвените крвни зрнца кое обезбедува транспорт низ организмот до клетките. Клетките имаат потреба од кислород за да произведат енергија за телото. Најмногу кислород е потребен во мозокот. Затоа железото е особено важно за ментален развој. 

Со HiPP можете да бидете сигурни дека во сите производи се употребува само строго контролирано месо со органски квалитет, кое потекнува од животни кои се одгледани во услови соодветни за видот.