Шишиња и чување

Колку топла треба да биде водата за да може да се раствори млекото во прав?

Не го мешајте млекото во прав со врела вода, за да не се оштетат витамините и природните млечно-кисели култури. Користете превриена вода која е оладена до 40 - 50°C.
HiPP млечните формули најлесно се раствораат на оваа температура.  За да се постигне посакуваната температура 40 - 50°C, поставете го мерниот сад со свежо превриена вода во ладна вода неколку минути.

Како да ја определам точната температура на подготвеното млеко?

Температурата за пиење можете да ја проверите китката од раката : ставете неколку капки од млечната формула на китката. Температурата на млекото треба да ја почувствувате пријатно топла.

Дали може да ја подготвам млечната формула во микробранова печка?

Доколку формулата е подготвена според инструкциите на пакувањето, не е неопходно да се затоплува во микробранова, бидејќи веќе е со соодветна тепература за користење.

Дали може веќе подготвена формула да ја затоплам?

Веќе подготвените млечни формули треба да се користат веднаш од хигиенски причини. Доколку вашето бебе не може да го испие шишето, ве молиме подгответе нова порција за следното хранење.

Чување

Содржината од веќе отвореното пакување млечна формула треба да се искористи во рок од 3 седмици. Фолијата гарантира најдобра можна заштита на свежина и арома. Млечните формули воглавно треба да се чуваат на ладно (на собна температура), суво и да не се блиску до храна или супстанции со силна миризба. 

Имате ли дополнителни прашања?

Ве молиме не се двоумете да не контактирате на:

телефонскиот број: 02/3112 525 
или контакт форма