Луѓето во фокусот

Задоволните вработени креираат добра иднина

Во корпоративната култура на HiPP, ние придаваме големо значење на сигурната и оптимална работна средина на нашите вработени. Нашите социјални стандарди лесно го надминуваат она што е стандардно и законски барано во оваа индустрија. Ние проповедаме одржливост и исто така и ја практикуваме.

Имаме добра работна клима

Етичката повелба на HiPP го гради нашето заедништво. Надзорниците редовно се евалуираат од страна на вработените. Заедно профитираме  од малиот процент на боледуања и многу добрите професионални придобивки. Управувањето со знаењето и шемата за внатрешни предлози, исто како и списанието за вработените “HiPP intern” припаѓаат на корпоративната култура.

Ние сме компанија пријател на семејството

Со флексибилното работно време, ние ја охрабруваме компатибилноста меѓу семејството и кариерата. Во Фафенхофен во моментов околу 200 родители работат со скратено работно време и скоро секој од нив има свој индивидуален модел за работа. 75% од нив се мајки со деца.

Сериозно ги сфаќаме здравјето и безбедноста

Пензиски план на команијата, високи стандарди за безбедност при работа и здравствена заштита, активни здравствени денови. Ние ја поткрепуваме благосостојбата на нашиот персонал со фитнес и спортски понуди. Во ресторанот на компанијата, органските оброци, локалното производство и справувањето со алергии се пример за нашата обврзаност.

Ние нудиме понатамошна обука

Сите вработени редовно учествуваат во систематски курсеви и ги користат нашите многубројни понуди за обуки.

Ние ги поддржуваме младите

Со години имаме голем број на стажанти и со тоа ја обезбедуваме иднината на нашата семејна компанија и им овозможуваме на младите луѓе да имаат добар почеток на нивниот работен век. Младите специјалисти имаат можност да добијат двојна диплома. Стажантите учат за нашата посветеност кон одржливоста во доброволни активности за животната средина (засадување дрвја, создавање на амфибиски езерца, градење гнезда за птиците и.т.н.)

Ние сме итернационална компанија

Во HiPP работат вработени од 20 различни националности. Ние сме особено горди на овие културни различности. Тоа ја збогатува корпоративната култура и ги зајакнува нашите перформанси во глобалното опкружување.

Сериозно ја сфаќаме општествената одговорност

Општествената одговорност значи да се има поширок поглед и да се покаже солидарност кон семејствата кои имаат потреба од помош. Со редовни донации на храна помагаме таму каде што нашата помош е најпотребна. Понатаму, ние имаме тесна соработка со универзитетите, научните институции и други соработници.