HiPP Babysanft - Уникатен концепт за превенција на црвенило

Зошто се воспалуваат газињата на бебињата?

Ретко кај кое бебе во периодот на носење пелени не се појавуваат иритации. Нежната бебешка кожа е особено засегната во областа на пелената како резултат на агресивната средина која се создава од урината и изметот.  Дури и редовната промена на пелена, не секогаш превенира од појава на воспаление на кожата.

Кожата може да се иритира и кога вашето бебе вади нови заби, при некои инфекции или како реакција на нови храни.

Кога е соодветно да се користи крем за заштита од црвенило?

Кремот за заштита од црвенило е особено соодветен за користење во случај на зацрвенета и иритирана кожа – особено во делот на пеленската регија.

Исто така може да ја користат и останатите членови на семејството во случај на зацрвенета кожа, на пр. во пределот на носот.

Кремот е соодветен за вашето бебе уште од првиот ден и е идеален како крем за заштита од црвенило за целото семејство. Во случај на сериозно зацрвенета кожа и отворени рани во секој случај консултирајте се со вашиот педијатар.

Како се користи крем за заштита од црвенило?

Начин на употреба: Нанесете тенок слој неколку пати доколку е потребно. Се додека кожата е видливо иритирана, се препорачува нанесување од кремот со секоја промена на пелена. Кремот е лесен и може да се нанесува само со прсти без да притискате на кожата.

Доколку црвенилото не се намали после 2-3 дена, ве молиме контактирајте го вашиот педијатар бидејќи вашето дете може да има инфекција која бара посебен медицински третман.

Како треба да се чува кремот и колку долго може да го користам?

Ве молиме чувајте го кремот на собна температура (до 25°C). На тој начин се одржува беспрекорен  квалитет. Понекогаш, може да се оддели мала количина на масло, но ова не влијае на квалитетот и ефикасноста на кремот. Ве молиме не го користете кремот откако ќе му истече рокот на употреба. Истиот ќе го најдете во долниот дел од паковањето. 

Покрај правилната нега, многу е важно кожата да се одржува сува:

Честата промена на пелени може да ја спречи појавата на иритација

После чистењето на интимните делови оставете ја кожата целосно да се исуши, особено во делот на кожните набори за да не се појави воспаление тука

Оставете го бебето без пелена да прета со ноџињата колку што е можно почесто (одржувајте ја собата топла). На овој начин газето на вашето бебе ќе биде изложено на свеж воздух и кожата може да дише. Вашето бебе ќе ужива во ова!

Промена на пелена и нега на кожа:

Во пеленската регија ставете крем како превентивна мерка, со цел урината и столицата да не и повлијаат на кожата на вашето бебе. Хранливиот крем со цинк е идеален за оваа цел, и на овој начин кожата ќе биде дополнително заштитена од влажност.

Одберете соодветни пелени: користете пелени за една употреба кои имаат ефективно апсорбирачко јадро. Урината се впива од апсорбирачкиот гел, и кожата останува сува помеѓу менувањето пелени.

Пелената не треба да е премногу стегната. Доколку има доволно простор за вашиот прст помеѓу мешето на вашето бебе и пелената, значи пелената одговара совршено.