Бебешка кожа

Кои се карактеристиките на бебешката кожа?

Бебешката кожа е многу потенка од кожата на возрасните, а горниот површински слој има послаба структура и е помалку отпорна. Бариерната функција против загадувачите сеуште не е доволно развиена и кожата е многу почувствителна на надворешните влијанија. Природниот заштитен киселински слој на кожата кај новороденчињата се формира во првите неколку недели и кај малите деца многу побавно се регенерира за разлика од возрасните. Има важна улога да ја заштити кожата од бактерии и патогени. Горниот површински слој кај децата содржи повеќе влага отколку кај возрасните. Истовремено произведува помалку количина на себум. Ова значи дека кожата на бебињата и децата е покриена со многу тенок, водно-липиден слој кој може лесно да се исуши. Заштитата од студ и повреди е исто така помала. 

Зошто воопшто да се користат производи за нега на бебешка кожа?

После раѓањето, бебешката кожа треба брзо да се прилагоди на новата средина. После многу месеци поминати во амнионската течсност, таа мора да се прилагоди на воздухот и надворешните влијанија.

Доста долго време се сметаше дека е подобро да не се користат производи за капење на бебешката кожа. Сега веќе се знае дека миењето на кожата само со вода ја суши бебешката кожа. Бебешката кожа е многу чувствителна и поради тоа не ги поднесува добро производите кои се наменети за возрасни.

Од оваа причина, ние во HiPP ја развивме нашата линија на производи за нега на бебешка кожа HiPP Babysanft која е целосно ослободена од несакани состојки и е создадена со внимание кон посебните потреби на чувствителната бебешка кожа.