Мени

Упатство за изработка на господин Црвче Капаковски

За деца над 6 години.

Потребни ви се

  • 60 шарени HiPP капачиња од теглички
  • Цврст конец за плетење
  • Тенка жица
  • Шарени украсни жици
  • Шарени дрвени бисери
  • Една голема дрвена кугла
  • Црно пенкало
  • Сврдел
  • Пиштол за топол лепак

Како се изработува

  • Издупчете дупка на сите капачиња со сврделот
  • Нанижете 6 шарени дрвени бисери на цврстиот конец за да ја направите опашката на црвот
  • Потоа нанижете 20 капачиња така што долниот дел да биде свртен наспроти крајот на црвот
  • За нозете на црвот, замотајте тенка шарена жица околу конецот, скратете ја на посакуваната должина и ставете преку истата шарени дрвени бисери
  • Повторете ги претходните 2 постапки сè додека не ги нанижете сите капачиња
  • Нацртајте “смешно лице” на дрвената кугла користејќи црн фломастер
  • Ставете шарен дрвен бисер на конецот за плетење и залепете го на дрвената кугла за да го направите носот на црвот.
  • Направете јазол на крајот на конецот за плетење после носот.

Готово!

Назад кон прегледот

Пребарување на производи за Дополнителна исхрана