Мени

HiPP Babysanft основен асортиман – нега на чувствителна кожа која е склона кон атописки дерматит

Што е атописки дерматит?

Атопискиот дерматит е најчесто среќавана кожна болест во детството и појавата му е зголемена пет пати во последните 50 години.

 Атопискиот дерматит е хронично заболување кое не е заразно и периодично се појавува како болест на кожата. Главните карактеристики на атопискиот дерматит се многу сува кожа склона кон зацрвенување и егзема со лупење, и многу често чешање. 

Што може да се направи во тие случаи?

Добрата вест е дека многу од децата страдаат од лесна форма на ова заболување. За оваа умерена форма, често нарекувана како “чувствителна, сува кожа“ се користи “основна терапија“. Ова вклучува редовна нега на кожата со особено соодветни производи, кои ја снабдуваат кожата со вредни состојки и особено со влага.

  За многу пациенти со лесна форма на атописки дерматит и луѓе со кожа склона кон атописки дерматит, производите кои се специјално создадени за луѓе со атописки дерматит (фармацевтски производи) не им се неопходни. Како по правило, производите за секојдневна грижа се исто така соодветни за нив. Нивната компатибилност треба да е дерматолошки докажана. Најдобро е овие производи да не содржат состојки кои често предизвикуваат алергиски реакции. Најдобро е да се консултирате со вашиот дерматолог по ова прашање.

HiPP Babysanft: дерматолошки докажана како соодветна за високо чувствителна кожа која е склона кон атописки дерматит

За да се провери соодветноста на HiPP Babysanft производите за високо чувствителна кожа, следните производи од асортиманот на HiPP Babysanft беа подложени на тест за дерматолошка толерантност:

HiPP Babysanft Гел за миење коса и тело, Купка за капење, Шампон и Крем за нега.  

Резултат: сите тестирани HiPP Babysanft производи покажаа одлична кожна толерантност и се соодветни за основна нега на силно чувствителна и склона кон егземи кожа.

 Затоа, тестираните HiPP Babysanft производи се соодветни не само за секојдневна нега на здрава бебешка кожа туку се и добро толерирани  во случај на силно чувствителна и склона кон егземи кожа.