Кислород благодарение на железото

Зошто железото е толку важно?

Железото ги снабдува мајката и детето со витален кислород. Најголемиот дел од железото е зафатено со транспорт на кислород од белите дробови до крвта и сите други органи, па се до мозокот. Во текот на бременоста, мајката го снабдува бебето со резерви од железо во првите 4 месеци од животот. Само така новороденото ќе може да произведува железо самостојно.

Во текот на бременоста, потребите од железо се зголемуваат двојно. Доволниот внес е всушност многу важен кон крајот на бременоста, кога бебето нагло расте. Доволните количини на железо ќе обезбедат перфектен почеток на животот.

Со земање анамнеза и резултати од претходните лекарски прегледи на мајката, можеме да добиеме информација за снабденоста на мајката со резерви од железо. Тоа што не интересира е нивото на хемоглобин, протеинот што се наоѓа во еритроцитите. Ако нивото е повисоко од 12%, снабденоста со железо е добра. Ако нивото е под 12% тогаш се смета за критично.

Добри извори на железо

Железото не е секогаш железо. Се наоѓа во зеленчукот и во извори од животинско потекло. Човечкиот организам подобро го искористува железото од животински извори бидејќи железото кое е од неживотински извори потешко се абсорбира. Поради ова, вегетаријанците имаат проблем со снабдувањето со железо. Но постојат разни начини како да се зголеми нивото на железо во вашиот организам: витаминот Ц му помага на вашиот организам да абсорбира поголема количина на железо. За да добиете максимум железо од храната што ја конзумирате, потребно е да комбинирате житарици богати со железо со извори на витамин Ц, како на пример некои овошја или овошни сокови. Заради ова, додавање на неколку капки свеж лимонов сок на пример во салатата или комбинирање на овошје со мусли, е многу добра идеја.

Како и да е, железото има и непријатели: танински комплекси кои ја блокираат апсорпцијата на железо а се содржат во црниот чај, кафето и црвеното вино.

Зрнестите плодови, овесните снегулки и месото се богати со железо. Исто така многу железо содржат и кајсиите. 

Митот за железото во спанаќот не е толку популарен како што беше порано. Се веруваше дека спанаќот е многу богат со железо. Денес се знае дека спанаќот е добар извор на железо но не во таа количина како што се претпоставувало порано. 100 гр спанаќ содржи приближно 3-4 мг железо.

Симптоми на недостаток на железо

Недостатокот на железо си има свои последици: симптомите варираат од умор и главоболка до нарушувања во спиењето и вртоглавици. Во екстремни случаеви, анемија, што значи недостаток на крв, може да се појави исто така.