Витаминот Е ги заштитува клетките

Зошто е витаминот Е толку значаен?

Витаминот Е спаѓа во групата на витамини растворливи во масти, што значи дека се процесира во телото само во комбинација со масти. Исто така, витаминот Е, е добар за кожата, косата и мукозните мембрани но е вклучен и во изградба на мускулите, сврзното ткиво и крвните садови. На телото му е потребен витамин Е за да развие здрав имун систем. Витаминот Е ги заштитува ѕидовите на клетките од агресивните кислородни соединенија со фаќање и неутрализирање на таканаречените слободни радикали.

Добри извори на витамин Е

Зеленчукот и житарките се продукти богати со витамин Е. Пченични никулци, сончогледово масло и масло од шафраника, бадеми и ореви се едни од најдобрите извори на витамин Е. Производите од цело зрно исто така содржат мала количина на витамин Е.

Симптоми на недостаток на витамин Е

Сува, набрчкана кожа е еден од првите знаци за недостаток на витамин Е и во исто време чувство на  замор и раздразливост. Метаболизмот на мускулите не работи во целост и намалено е формирањето на еритроцитите.