
За нашите органски житни култури

Нашите HiPP органски житни култури се повеќе од само органски житарки. Нашите земјоделци се посветени на негување на културите и надгледување на нивниот развој. Здравите почви се клучни во сето ова. Во грст здрава почва има повеќе ситни суштества и животни отколку што има луѓе на планетата. Ние не ги одбираме внимателно само нашите полиња туку тоа го правиме и за семињата. Внимателно ги избираме и нашите полиња и семињата. Ги користиме само најдобрите семиња од житни култури. Сееме само семиња на кои не им се потребни никакви хемикалии за да растат, но сепак, произведуваат зрна кои се полни со корисни хранливи материи.