Skip to main content

Остатоци од дрво


Остатоците од дрво се е дефинираат како стари, заболени или мртви дрвја, но и скршени гранки или корени на исечени дрвја. Сето ова звучи како нешто лошо, но всушност, е нешто многу добро бидејќи мртвото дрво брзо станува родно место на новиот живот: обезбедува засолниште за многу животни, како што се малите цицачи или водоземците. На пример, полвот може да се вгнезди во дупки или шуплини во внатрешноста на старо стебло, дивите пчели можат да направат тунели во дрвото, а многу други инсекти, живеат во мртво дрво, кое го користат како храна. Дрвото, исто така, обезбедува одлично живеалиште за разни: мовови, лишаи и габи. За повеќе информации за мртвото дрво, посетете ги веб-страниците на локалните здруженија за заштита на природата.


Околу 20 % од шумските растенија и животни, живеат директно или индиректно од остатоци од дрво – вклучувајќи ги: габите, лишаите, мовот, папратите, инсектите, влекачите, птиците, па и цицачите.



Полвот има лепливи стапала кои му овозможуваат да се искачува по вертикални површини.


Полвот спаѓа во фамилијата на dormice. Англиското име на видот доаѓа од францускиот збор dormeuse, што има значење „спијач“. Го добиле името поради тоа што хибернираат околу 7 месеци – од средината на септември до средината на мај – обично во дупка под земјата. Налето, ретко се наоѓаат на земја затоа што во тоа време преферираат да живеат на дрвјата. Нивната влакнеста опашка им помага да ја одржат рамнотежата додека се качуваат. Полвот јаде бубачки, но и секакви видови пупки и лисја. Малите глодари се активни ноќе и поради тоа нивните сетила за: мирис, допир и слух, се развиени особено добро.