Суви градини
Сувите градини се идеално живеалиште за загрозените инсекти како: дивите пчели, бумбарите, пеперутките и бубачките. Рептилите, сепак, ги сакаат и сувите градини.
Бумбарите опрашуваат многу растенија и затоа се многу важни за природата. Тие бараат засолниште во: јами, дупки за глувци, кутии за гнездење, градини или ливади. Тие припаѓаат на пчелното семејство, но имаат многу поголеми тела и се многу повлакнести. Постојат 400 до 500 различни видови во светот. И покрај тоа што има толку многу различни видови, бумбарот со опашка, бумбарот со црвена опашка и обичната пчела – кардер, се најпознатите во Германија.
За да се чувствуваат како дома, на песочните гуштери им се потребни многу скривалишта, на пример: под урнатини, грмушки и купишта од песок или дрва. Исто така, за нив е важно наоколу да имаат неколу грмушки, билки или слично бидејќи сакаат отворени простори. Тие, исто така, совладале одличен трик: секогаш кога се во опасност, гуштерите можат да ги испуштаат опашките за да го одвлечат вниманито.
Бавниот црв, всушност, изгледа како змија, но навистина е гуштер без нозе. Тој претпочита да биде во: градини, шуми, купишта дрва или купови компост. Неговата омилена храна се: инсекти, пајаци, дождовни црви и полжави.