Давајте разновидна храна!
Кога веќе добро се навикнува на првите оброци од дохрана чекор-по-чекор, време е да се ужива во уште малку различност. Идеално е да му нудите на бебето разни видови на храна. Разновидна исхрана со здрави состојки обезбедува балансиран внес на хранливи состојки и ги тренира непцата. Дури и ако бебето одбива да јаде одредени состојќи-не се откажувајте рано. Студии покажжаа дека често треба до 10 „обиди за вкусување“ пред детето да се навикне на нова состојка и да ја засака. Продолжете да нудите разни каши, но не правете притисок да се јаде одреден тип на каша.