Skip to main content

Дали сте знаеле?

Дека белиот морков е постар од неговиот портокалов роднина?

Белите моркови се добиени од дивите моркови и се одгледуваат со векови. Низ времето, оваа сорта станува се поретка и во денешно време се потешко се наоѓа. Портокаловата сорта се појавува во 16-тиот век, кога холандските земјоделци сакале да му оддадат почит на принцот William I,  за неговите големи достигнувања. “Кралскиот морков” не само што го добил името по William I, Prince of Orange, туку требало да му се оддаде почит и во однос на бојата.