Skip to main content

Дали сте знаеле?

Дека пченицата содржи глутен?

Некои житарки како пченицата, природно содржат глутен. Многу луѓе не реагираат на глутен, но има и такви кои не го поднесуваат и страдаат од таканаречената глутенска нетолеранција (целијакија). По консумирањето на храна која содржи глутен, тие често имаат болки во стомакот и дијареја. Ако Вашето дете страда од целијакија, не го хранете го житарки како пченица, ‘рж, овес, јачмен, спелт. Подгответе му каша од ориз, просо пченка наместо пченичен гриз и од нашите HiPP теглички одберете ги оние кои се од состојки кои не содржат глутен како ориз и компир.

Помош во секојдневниот живот: Законски е задолжително да се назначи содржината на глутен на производите за бебиња под 6 месеци. Во HiPP, ние ги означуваме производите кои не содржат глутен и за поголеми бебиња (над 6 месеци) како”gluten-free” или “naturally gluten-free”.