
За нашата хранлива детелина

Само замислете: Во грст здрава почва, можете да најдете 6,5 милиони организми. Сите заедно овозможуваат почвата да остане здрава и плодна. Сепак, постојат повеќе практични мали помагачи кои ја одржуваат почвата здрава.
Кој помислил дека детелината служи само како сточна храна за нашиот органски добиток, згрешил. Детелината прави многу повеќе! Детелината ја промовира плодноста и здравјето на почвата апсорбирајки го азотот од воздухот. Азотот потоа преминува во почвата, и од таму во нашите култури (на пр. нашите органски житарки или органските компири). Ова е важно бидејќи на нашите култури, за да растат, им треба многу азот. Така, со садење детелина и обезбедување разумна ротација на културите, можеме да ги одржуваме нашите почви здрави и плодни на природен начин. Најдобро од сѐ е што здравата почва може да се спротивстави на штетниците и болестите без користење на хемикалии или вештачка помош.