Skip to main content

Врапчето


Врапчињата се едни од најраспространетите птици пејачи. Домашното врапче и евроазиското врапче се особено добро познати видови. Врапчињата обожуваат да бидат едно покрај друго и да живеат заедно во голем број. Се хранат со секакви инсекти. Нивни најголеми непријатели се: мачките, лисиците и птиците грабливки.


Врапчињата добро се грижат за нивните пердуви, затоа и сакаат да се препелкаат во прашина.

Врапчињата претпочитаат за живеат во дупки за гнездење од остатоци од дрво. За жал, речиси и да нема дупки или дрвени остатоци кои се наоѓаат во природата. Затоа, врапчињата се, исто така, на листата на загрозени видови. Кутиите за гнездење, односно дрвените кутии, направени од човекот, им овозможуваат на врапците алтернатива за засолниште, безбедно гнездење и добра заштита од надворешниот свет. За кутиите за гнездење е најдобро да користите природно необоено дрво, кое не е вештачки третирано. Кога се поставени на околу 2 до 3 метри над земјата и свртени кон југоисток, тие се одличен дом за врапчињата.

Наш совет: За да дознаете повеќе на оваа тема, посетете ги веб-страниците на локалните здруженија за заштита на природата.