План за исхрана: Од 7 месец *

Мајчино млеко – се додека Вие и Вашето бебе сакате

* Започнете со дополнителна исхрана  според развојот на Вашето бебе и почнете после 4 месеци најрано и после 6 месец најдоцна.

На оваа возраст некои бебиња ги добиваат првите заби. Можат и подобро да го движат јазикот и целата уста. Храната сега може да содржи и мали парчиња за постепено да се навикнува бебето на покрупна храна. 

Рано наутро: Наутро, мајчиното млеко или млечната формула сеуште може да се дава. Доете го бебето или припремете HiPP 2 последователна формула. Последователната млечна формула е адаптирана на посебните потреби на постари бебиња и го снабдува бебето со сите важни хранливи состојки кои се потребни како додаток на дохраната. 

Подоцна наутро: Подоцна наутро можете да продолжете со доење или дајте му HiPP 2 последователна формула. Ако бебето е многу гладно, можете да понудите дополнително житно-овошна каша припремена или од Вас или од HiPP – Овошје и Житарици во тегличка.

За ручек: Од 8 месец можете да му понудите оброци за 8 месеци. Тие оброци содржат мали парчиња за да го охрабрат бебето да џвака. Учењето да се џвака е важно за развој и за учењето да се зборува.  Порциите се поголеми за оваа возрасна група, бидејки на бебето сега му треба повеќе за да биде сито. 

Во попладнето: За попладне идеална е житно-овошна каша. Нови овошни вариетети обезбедуваат уште повеќе вкусови. Можете сами да измешате каша со користење на HiPP Органска Житна Каша и HiPP Овошје. Упатство за тоа можете да најдете на паковањето на HiPP Органските Житни каши. За промена, можете да му дадете на бебето HiPP Овошје и Јогурт. 

Како грицки можете да давате HiPP Бисквити кои се достапни од 6 месеци.  Тие се идеални за ужинка меѓу оброците и охрабруваат џвакање и јакнење на мускулите од вилиците. 

За вечера: Има разни видови на млечни каши.

Пијалоци: Најдоцна со третиот оброк од дохрана, нешто за пиење треба да се нуди со секој оброк. Вода, незасладени чаеви и растворени овошни сокови се најдобри за згаснување на жедта. Осигурајте се дека жедта се згаснува набрзина и шишето не се користи за постојано шмукање.

 

Често поставувани прашања

Моето бебе сеуште нема заби. Дали сепак може да јаде оброци со парчиња?
Да, бидејќи парчињата се многу мали и бебињата можат да ги смачкаат со непцата и јазикот. 

Моето бебе не сака цврста храна. Што можам да направам?
Продолжете да ја давате вообичаената храна и понудете храна со парчиња по неколку дена повторно. 

Колку голема да биде порцијата?
Нашите теглички од 8 месеци доаѓаат во порција соодветна за возраста, која е доволно за најголем дел од децата. Но, има деца кои јадат малку повеќе или кои се заситуваат со помалку. Апсолутно нормално е апетитот на бебето да покажува флуктуации. 

 

Совети за здрави заби:

• Спроведувајте дентална нега од првото запче

• Не давајте повеќе храна или само вода или незасладен чај после миење на забите

• Никогаш не му го оставајте шишето со млечна формула или чај како замена за цуцла, помош за спиење или за постојано шмукање

• Секогаш Вие држете го шишето и дозволете бебето брзо да ја згасне жедта

• Учете го бебето од 8 месеци да пие од чаша

За да ја најдете правилната HiPP група производи, барајте ги следниве бои на полиците: